(ВИДЕО)Абе овој плукнат на Хорхе – Димитриев: Има доволно време до 24 април да се организираат фер и демократски избори

0
1372

По средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, техничкиот премиер Емил Димитриев истакна дека „има доволно време и услови до 24 април да се организираат фер и демократски избори, во кои сите партии ќе имаат доверба., пренесува „Мета“.

emil-dimitriev-vlada-640x313

– Тоа ќе бидат фер, демократски и кредибилни избори по сите европски стандарди. Стандардите се јасни и прецизни, има услови и има и време и ресурси сето тоа да се организира. ДИК има јасен мандат и сите членови на ДИК имаат одговорност пред Уставот, законите и пред народот на нашата земја да ја исполнат својата обврска навреме. Ова е особено важно откако е јасно дека четирите партии го утврдија Законот за избори каде се решени сите аспекти на изборите – истакна Димитриев на прес-конференцијата во Владата.

Во однос на избирачкиот список, тој истакна дека бил информиран дека „сите партии освен СДСМ се откажале од сите амандмани што ги имале поднесено“.

– Фактот што се бара начин да се тргува со методологијата за прочистување на списокот и со медиумите, како што една од партиите тоа деновиве го изјави, само покажува дека методологијата не е воопшто проблем, туку дека е инструмент кој некој сака да го користи за опструкции и за нови проблем. Оттука, и оправдано е стравувањето базирано на информациите што стигнуваат до нас дека една партија раскажува дека нема да има избори – истакна Димитриев.

Тој го повика СДСМ да престане да го блокира донесувањето на методологијата и прочистувањето на избирачкиот список.

– Повикувам денеска да ја извести ДИК како што тоа го направија сите други политички партии, дека ја прифаќа методологијата за прочистување што ДИК едногласно ја донесе, по што ДИК веднаш ќе може да почне со прочистување на избирачкиот список – додаде Димитриев.

Во однос на медиумите, тој бил информиран дека сè што е поврзано со организацијата на изборите во април 2016 година е договорено и вградено во последните измени на Изборниот закон усвоен од сите партии во Собранието.

– Во тој закон, стојат јасно и прецизно сите правила поврзани со изборите што медиумите мора да ги почитуваат, а правилата се однесуваат на давање еднаков пристап до јавноста, како и обврски за еднаков пристап до рекламен простор кај радиодифузерите и до простор во информативната програма на јавниот радиодифузен сервис. Тоа стои јасно во Изборниот закон. Оттука, секој понатамошен обид за проблематизирање на медиумите само придонесува за креирање негативен амбиент и за намерно отворање теми кои немаат врска со слободата на медиумите туку имаат со нечии обиди за укинување на таа слобода – истакна Димитриев.

Тој не сакаше да коментира што би се случило доколку до 20 февруари, меѓународната заедница оцени дека нема услови за избори.

Видеото од техничкиот премиер може да го погледнете ОВДЕ