Букле: Болното е дека гуската Каракамишева не само што е глупава, туку и злобна и се изживува на несреќите на илјадници луѓе

0
2064

Изјавата на Каракамишева не предизвика лавина само затоа што е глупава. Сме чуле ние милион глупави изјави низ годиниве, од кои не јаде срам. Предизвика лавина затоа што допре болна точка, на сосема изопачен начин. Владеењето со државава и повеќето нејзини политики, од економски до социјални и родови, на најгрд начин влијаат на најинтимното на секој од нас.

Чувствувам лично дека никогаш не бил поголем јазот помеѓу половите, луѓето со поинаква сексуална ориентација од нормираната се скоро невидливи, луѓето кои се на каков било начин поразлични од стадото се исто така маргинализириани. Не е возможно тука да се основа семејство со 300 евра плата, особено ако имате став дека не е доволно деца да се растат на леб и вода, туку ако сакате да им понудите и многу повеќе; квалитетот на животот и меѓучовечките односи се толку корумпирани, што претставуваат постојана закана за секојa врска, формална или неформална, од секој аспект. Така што, болното е дека гуската не само што е глупава, туку и злобна и се изживува на несреќите на илјадници луѓе.

Фејсбук статус на Нора Букле