Брисел потврди: Оценката на ЕУ и САД за изборите ќе биде објавена утре

0
913

Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување веродостојни избори на 24-ти април ќе биде објавена утре, потврдија за Алсат-М од седиштето на Европската комисија во Брисел.

„Можеме да потврдиме дека утре (сабота, 20.2.2016 г.) рано попладне оценката ќе ја презентираат амбасадорите на ЕУи на САД на кратка прес-конференција“, се наведува во писмената порака од Брисел.

Инаку, Либертас уште вчера објави дека ЕУ и САД ќе порачаат дека нема услови за кредибилни и фер избори на 24 април.