Богдановиќ: Бесмислена е објавата на Журнал.нет дека повикувам на атентат врз Груевски

0
1381

Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ уште еднаш апелира до сите медиуми, како и до Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар, да не шират невистини и шпекулации како што се „најскапо платениот директор во државата“ и „Расипништво – се трошат пари од граѓаните за огромни сметки по кафани“, пред да ја проверат нивната вистинитост.

„На вонредната седница на Советот на општина Центар, јас како директор на ЈП ПОЦ ги приложив сите оригинални документи од пресметките на платите каде докажав дека платите се далеку пониски од оние кои континуирано се објавуваат во провладините медиуми. Доколку ОК ВМРО-ДПМНЕ докаже дека навистина имам месечни примања од 2.000 евра, јас веднаш ќе си поднесам оставка и ќе ги донирам моите пари за нивната кампања на претстојните избори.

Понатаму, на 6 декември во неколку провладини медиуми излезе дезинформација дека ЈП ПОЦ прави сметки од десетици илјади денари по кафеани и за угостителски услуги. Сите трошоци што ги прави јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ се прават исклучиво за потребите на истото, за разлика од претходното раководство каде за 1 месец се исплаќало по 50.000 денари за телефонска сметка за број воден како Општински комитет.

За крај, сакам да ја демантирам бесмислената објава на Журнал.нет дека повикувам на атентат врз Груевски, а во наредниот период и очекувам напади од овој тип заради претстојните избори на 24 април 2016 година“, изјави Богдановиќ.