Битолчани се жалат на бучава, владиката Петар вели: Ако вика оџата, ќе вика и попот!

0
1288

Од црквата „Св.Богородица” во Битола преку звучници се пренесуваат службите, а од Исак џамија преку разглас молитвата на оџата. Граѓаните се жалат на бучава. “Во Битола дури се слуша оџата, ќе се слуша и литургијата”, вака преспанско-пелагонискиот владика г. Петар одговори на реакциите на група граѓани до “Вест” дека богослужбите од црквата “Св. Богородица” се емитуваат преку звучници и жителите од околните објекти ги оставаат без сон. Во писмото што битолчани го доставија до нашата редакција пишува дека два месеца, секој ден напладне, преку звучници се емитува црковната служба, како и во недела наутро.

“Црквата е во близина на строгиот центар на градот, и започна да ја емитува целата служба преку огромни звучници. Веќе два месеца немаме никаков мир. Како не можат да разберат дека има луѓе што работат навечер, во смени, дека држењето служба преку разглас им го скусува правото на сон. Зошто мора од 7-8 часот докај 10-11 во недела и за празници сите ние да бидеме будни без сон. Никој не е против верата туку бараме да ја вршат службата во црква, а не да ја пуштаат преку звучници”, пишува во реакцијата на група битолчани.