БОМБА на „Фокус“: Тричасовна аудио снимка ја крие вистината како високи политички функционери ја договарале кумановската војна!

0
1446

Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува за нов аудио-доказ за кумановските настани од 9 и 10 мај во „Диво насеље“.

По јавните тврдења на семејствата на вооружената група дека нејзините водачи Ндрецај и Ризај се ликвидирани откако биле приведени, зашто и на македонски и на косовски политички функционери им одговарало да се мртви, а за акцијата им биле ветени 2 милиона евра, новите информации говорат дека преку повеќе снимки од телефонски разговори и една аудиоснимка од три часа на која се слушале гласови на „важни“ политички фаци, може да се откријат режисерите на кумановската војна, пишува Фокус.

Адвокатите и семејствата на притворените припадници на групата се надеваат дека специјалната обвинителка ќе го преземе случајот зашто не се уверени дека во судскиот процес кој претстои, вистината ќе излезе на површина.

Повеќе детали во неделникот „Фокус“.