БОМБА! СЕ ПОЈАВИ АУДИО РАЗГОВОР ПОМЕЃУ МАРТИН ПРОТУЃЕР И ВАСКО ЕФТОВ

0
4287

ЗРРРНННН!!!!

Васко Ефтов: Ало, кај си бе шефе?

Мартин Протуѓер: Васко што праиш, добар ли си?

Васко Ефтов: Еве бе со фамилијата малце во Боровец/Копаоник/Алпите.

Мартин Протуѓер: Ааа, епа убаво. И ја требаше да идам ама не стигнав ради кризата. Слушај знаеш зашо те барам?

Васко Ефтов: Не. Повели?

Мартин Протуѓер: Абе брат сега ни е густо, ај ќе им кажам на моите да ти пратат прашања малку да го запукаш Заев те молам густо ни е ни треба сета помош…

Васко Ефтов: Ама ептен ќе се избламирам бе Мартин, мојата база е опозициска барем беше, не смеам многу да се истрошам ќе испаднам куртон употребен нема кој да ми ги гледа емисиите после, треба да траам подолго време ќе ме истрошите за една употреба…

Мартин Протуѓер: Абе дај не заебавај сега, еве што им фали на Латас и Мирка и тие беа на СДСМ па сега си се наши и си имаат публика, ти мислиш овој народ има памет и нешто разбира дај не се зафркавај.

Васко Ефтов: Абе добро ама они имаа период од 10 години полека да се шифтираат, ја наеднаш како онаа на Ѕинго изреката, закочи шефе на кривини испопадасмо ќе биде работава…

Мартин Протуѓер: Ај ај не го тупи сега ќе ти пратам прашања и да ги одговориш ама да го запукаш онака здраво, саглам, ниско у јајца!

Васко Ефтов: Ок бе ама мислам дека нема потреба засега да оставиме малце понатаму…

Мартин Протуѓер: Не не, сега мора сега, ок?

Васко Ефтов: Ок шефе, ајде ако сте запнале…

Мартин Протуѓер: И ќе видам за тие фактурите што ми пиша смс ќе ги пуштиме ок договорено?

Васко Ефтов: Ок, многу ти фала.

(разговорот е измислен од Саше Политико ама секако е многу блиску до реалноста)