Аууу, јеботе, Каракамишева да ти била во духовен транс: Колумната има подлабока порака, внимателно да ја прочитате, без извртување

0
1963

Професорката Каракамишева во реакција за Телма оценува дека се правел „класичен манипулативен политички спин“ на колумна која има многу подлабока порака од онаа што спинерите сакаат да ја претстават.

„Жално е што не постои елементарен обид за проникнување во нејзината суштина, во поентата на денешното оттуѓување од духовните и традиционални вредности, од значењето на домот, и семејството. Сатанизирањето на мојата личност преку извртување на вистината содржана во текстот е дел од поголемата политичка хајка која подолго време се води против мене” –подвлекува во својата реакција Каракамишева.

Таа ги повикува “критичарите” внимателно да ја прочитаат целата колумна, а не само делчињата што им се сервирани од домашните дежурни политички спинери.