Анализа потврди дека МТВ е ПОЛИТИЧКИ НУЖНИК полн со манипулации, пропаганда за интересите на власта, демонизирање на опозицијата, говор на омраза и севкупно погазување на професионалните стандарди во новинарствот

0
1370

Манипулации, пропаганда за интересите на власта, демонизирање на опозицијата, говор на омраза и севкупно погазување на професионалните стандарди во новинарството, накусо ова се заклучоците од набљудувањето на ТВ медиумите во Македонија спроведено од Македонскиот институт за медиуми преку Механизмот за набљудување и реакција при Институтот за комуникациски студии.

Набљудувани се вести и емисии во пеиродот од 23 ноември до 18 декември, а во изработката на извештајот учествува тим од 18 истражувачи. Целта на извештајот е да се фрли светло во начинот на известувањето на медиумите во контекст на политичката криза и Договорот од Пржино со цел да се утврди дали и колку во медиумите се застапани различни политички гледдишта и идеи.

Од главните заклучоци во анализата е видливо дека телевизите Канал 5, Сител, Алфа и МТВ работеле за партиски, наместо граѓански интереси, додека телевизиите Телма, Алсат и ТВ24 и ТВ21 дале отпор на таквите тенденции. Во ист кош на тенденционзи и манупулативни се и анализираните изданија на емисиите „Акцент“ со Горан Петрески на МТВ, „Јади Бурек“ со Јанко Илкоски на Сител, „Лејт најт шоу“ со Миленко Неделковски на Канал5.

Анализата е поразителна за јавниот сервис (МТВ) од којшто во рамки на договорот од Пржино има најголеми очекувања да се стави во функција на граѓаните, наместо на власта и да обезбеди независнот и балансираност во известувањето.

„Во известувачкиот период од 23 ноември до 18 декември 2015 г. МТВ1 објави вкупно 273 прилози кои се однесуваат на политичките актери. Најмногу внимание месецов телевизијата им посвети на (1) Новите проекти на Владата на РМ (102 прилози), (2) Преговорите за медиумите (16 прилози), (3) Анкетна комисија за аферата со прислушувањето (16 прилози), (4) Ветото за домашното задолжување (14 прилози), (5) Аферата со лажни лични карти (4 прилози), (6) Комплетирањето на составот на Државната изборна комисија (4 прилози), и (7) Блокадата на Ректоратот поради сечењето на дрвјата на кампусот на УКИМ (4 прилози). Кај мнозинството од прилозите на овие теми беше забележан фаворизирачки однос кон ВМРО ДПМНЕ. Најексплицитните конструкти на фаворизирање беа направени во прилозите кои промовираат активности на владата, поради што вестите често изгледаат како владин или партиски билтен“, се вели во делот за МТВ кој се однесува на аналзиата на вестите. Во вестите на МТВ1 во вкупно 129 прилози се повикуваат на само еден извор. Во 83
прилози кога има два или повеќе извори тие најчесто бранат иста позиција. постои видлива тенденција извори за новинарските прилози да бидат државните институции (претседател, премиер, владина прес служба, државни службеници, градоначалници) и одвреме-навреме експерти. Во известувачкиот период е детектирано 41 директно обраќање на лидерите на двете најголеми политички партии. И според фреквентноста на појавувањата и рамката во која се ставени директните обраќања, видлива е неизбалансираност во полза на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ. Во првиот известувачки период се емитувани вкупно 37 обраќања на Груевски, а 4 на Заев, и тоа изјави во негативен контекст. Уште поретки се обраќањата на претставници на други политички партии, се вели во анализата која се однесува на дневникот на МТВ.

„Заклучоци од анализата“:

(a) Анализата покажува дека постои голема сличност во врамувањата кои се конструирани во вестите од Јавниот сервис и комерцијалните медиуми – Сител, Алфа и Канал 5. Постои големо поклопување во изборот на темите, изворите и во аголот на обработка на темите. Може дури и да се забележи синхронизирано емитување на прилози на иста тема и со исти соговорници кои унисоно ја фаворизираат владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Овој наод упатува на заклучокот дека програмата на овие телевизии е можно да е координирана од еден ист извор.

(б) Меѓу овие телевизии сепак, постои извесна разлика во начините на кои секоја од нив ги користи пропагандистичките алатки и популистичките дискурси. Сител, Алфа и Канал 5 предничат во фаворизирањето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено применуваат силни и дистинктивни стратегии на демонизација на опозициската – пред се СДСМ. СДСМ е претставена како „манипулативна партија“, која со „фалсификати“, „нелегално сака да дојде на власт“, чијшто лидер „сака да воспостави тоталитарна контрола врз медиумите и прави се’ за да нема избори во април“. МТВ 1 и МТВ 2, пак, додека силно ги фаворизираат ВМРО-ДПМНЕ односно ДУИ, избираат стратегија во која отсуствува острината и интензитетот на демонизирачките дискурси својствени за трите про-владини комерцијални телевизии. Така, целата продукција на Јавниот сервис ги претвора овие вести во партиски и владин билтен, платформа на која ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ можат слободно да ги рекламираат своите активности.

(в) Oвие телевизии имаат огромна продукција на прилози поврзани со политиката и политичките актери: Сител (347), Aлфa (318), Kанал 5 (263), MТВ1 (273) и МТВ2 (207). Фактот што мноштвото од овие прилози или го фаворизираат ВМРО-ДПМНЕ или го демонизираат СДСМ (или пак и двете), покажува високо ниво на агресивност во креирањето антагонизам на политичката сцена. Напуштањето на основните стандарди на известување е во директна спротивност со саморегулаторните принципи врежани во Кодексот на новинари. Се кршат половината од членовите во кодексот, но пред се’ членот 14 кој се однесува на императивот дека „новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од
политичките субјекти“.

(г) Набљудуваните политички и talk show емисии (меѓу 1 и 14 декември 2015) на овие телевизии се конзистентни со уредувачката политика на нивната информативна програма. За издвојување во овој период се изданијата на 1ви и 3ти декември на емисијата Јади Бурек емитувана на ТВ Сител во којашто беше недвосмислено детектиран отворен говор на омраза и експлицитен негативен, стигматизирачки и стереотипизирачки говор. Овој наод помина несанкциониран од регулаторното тело.

(д) Во три други ТВ емисии кои се емитуваат во известувачкиот период беа детектирани и
експлицитни и нерагументирани фаворизирачки врамувања за владејачката ВМРО ДПМНЕ и демонизирачки говор кон СДСМ. Изданието на емисијата „Миленко Лејт најт шоу“ емитувано на Канал 5 на 11 декември е така конципирано што целото е ставено во функција на промоција на владините политики. Изданието на емисијата „Акцент“ емитувано на МТВ 1 на 2 декември изобилува со навредлив и демонизирачки говор кон СДСМ и нејзиниот претседател, конструирајќи ја опозицијата во непријател на демократијата. Изданието на емисијата „Ја сакам Македонија“ емитувано на Сител на 1 декември забележително произведува негативен и напаѓачки дискурс кон СДСМ – тврдејќи дека предлозите на партијата за решавање на проблемот со колонизираните медиуми e„тоталитаризам“.

(а) Анализата на медиумите кај кои може да се забележи или неутрален или благ критички пристап – Телма, Алсат М, 24 Вести и ТВ21, покажа дека овие телевизии пружаат отпор на хегемониските дискурси на партиите на власт и што циркулираат низ провладините медиуми. Кај нив, речиси во поголем случај на прилози се почитува професионалното правило да се претстави, условно речено, и „другата страна“ во медиумските стории. Тоа значи дека овие телевизии го обезбедуваат т.н. внатрешен плурализам во вестите, преку напорот да претстават што повеќе спротивставени мислењe