Алсат-М: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ здружено си добивале државно земјоделско земјиште!

0
1499

Дел од пратениците од ВМРО – ДПМНЕ потврдија дека тие или членови на нивните потесни семејства добиле државно земјоделско земјиште, како што обвини пред некое време СДСМ. Три хектари државно земјиште добил поранешниот пратеник Илија Пемов, сопруг на сегашната пратеничка Весна Пемова од ВМРО – ДПМНЕ. Пратеничката Пемова потврди дека нејзиниот сопруг добил земја, но дека е добиена законски.

„Таа земја ја имаме од 2000 година, маж ми беше пратеник, ја зема земјата од друг човек, после 2002 гдоина маж ми остана без работа, па ние насадот го купивме од тој човек за да работиме нешто. Ние сами работиме и синот и ќерката земјоделство и тоа го знаат во Росоман, во Рибарци, така си работиме чесно и ништо од државата не сме земале,“ изјави за Алсат-М Весна Пемова, пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Некои од функционерите молчат.

Сопственичката на компанијата „Виа Винарија“,  Сања Угриновска Спасеновска која е шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељановски, но и сопруга на поранешниот пратеник Александар Спасеновски од ВМРО – ДПМНЕ, не даде одговор. Не појасни како нејзината фирма „Виа Винарија“ заедно си фирмата „Атриум“, која до лани беше во сопственост на пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО ДПМНЕ добиле 30 хектари државно земјиште. Нејзиниот партнер во зделката Муковски, демантира дека сега ги работат хектарите.

„Тоа земјиште никој го нема добиено, ниту „Виа Винарија“ ниту „Атриум“ бидејќи не е воведено во владение и не се земени субвенции, тоа е чиста шпекулација и дезинформација. За оваа информација дадов демант и дополнителниот заменик министер за земјоделство ќе добие тужба за клевета“.

Муковски бил сопственик на фирмата до лани, а сега, според Централен регистар, сопственик и управител се Бобан и Милан Мукоски.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска обвини дека Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството молчи колку субвенции добиле овие компании, но и фирмите ЗК Пелагодија, „Душан Ќириќ“, „Земсил“ како и лидерите на земјоделците Вељо Тантаров, Никола Стаменов, Данчо Милевски и Ефтим Шаклев.

Извор: Алсат-М