Ако имате ваква банкнота, може да станете побогати за 15.000 евра!

0
1984
Со 100 динари во вашиот џеб, денес едвај може и да појадувате. Меѓутоа, постои “стотка” којашто денес вреди милион и 700 пати повеќе. Се работи за банкнота од 1884-та година, за којашто колекционерите тврдат дека вреди и до 15.000 евра.

Нумизматичарите велат дека цената на старите пари се одредува во зависност од состојбата на банкнотата, а најскапата банкнота од 100 динари е стара 140 години. Нејзината цена се движи помеѓу 5 и 15 илјади евра.

100-dinari-15000-evra-01

Нејзина конкуренција според вредноста е банкнотата од 1885-та година, и се работи за банкнотата од 10 динари. Па ако имате таква “луда” среќа, и во некое старо сандаче од својата прабаба ја пронајдете токму оваа банкнота, денес за неа може да добиете од 3.000 до 8.000 евра.

Инаку, голем дел од овие банкноти се повлечени, а најголемиот дел е изгубен, па токму поради фактот дека се исклучително ретки, вредат навистина многу. Всушност, во последните 30 години, според информациите на нумизматичарите, биле пресретнати само дваесетина вакви примероци.

100-dinari-15000-evra-02

А уште еден бисер на берзата е и банкнотата од 50 динари од 1914-та година. Се работи за банкнота којашто рачно ја насликала српската импресионистичка сликарка Бета Вукановиќ и којашто е препознатлива по својата розевкасто-виолетова боја. Нејзината цена достигнува и до 8.000 евра.

Значи, ако при следната посета на вашата стара баба наидете на стари пари, “памет во глава” – можеби помеѓу пожолтените и избледени банкноти се наоѓа некоја којашто буквално вреди вистинско мало богатство.