УПСССССС: ЕУ демантира дека на СДСМ му бил предложен датум во јуни и дека бил одбиен

0
1217

Канцеларијата на Европската Унија во Скопје ја демантира информацијата дека на проговорите во петокот во Скопје на СДСМ му бил предложен датум за избори во јуни и дека партијата тоа го одбила.

„Ги демантираме тие информации, тоа се медиумски шпекулации и понатаму не би навлегувале во нивно коментирање“, велат за Плусинфо од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Претходно, порталот Нова ТВ, повикувајќи се на свои извори во Брисел, објави дека на СДСМ му бил предложен датум во јуни, кој партијата го одбила.