АНАЛИЗА: Годинава за отплата на доспеан долг и камати – 450 милиони евра!

0
1202

Ново задолжување од домашните кредитори. Министерството за финансии бара нов заем од 8,8 милиони евра бидејќи во среда веќе доспева за исплаќање исто толку по основ на доспеани обврски. Само за две недели Владата создаде нов долг од 22 милиони евра,пишува неделната економска анализа на Порталб.мк. Дополнително, за едно од задолжувањата ја зголеми и каматата, која за државната каса значи поголем трошок а за кредиторите – поголем принос. Зошто министерот за финансии Зоран Ставрески посегна по нови задолжувања кога на раполагање има 270 милиони евра , пари што се слеаа во државната каса преку продажба на Еврообврзницата на истекот од 2015 година?

Само за камати од Буџетот ќе се одлеат 100 милиони евра …

Според податоците од Буџетот за 2016, Владата годинава по основ на отплата на домашно и странско задолжување треба да врати 450 милиони евра, од нив 350 милиони евра по основ на главница и уште 100 милиони евра – долг по основ на камати. Наспроти овие, веќе пресметани долгови за доспевање и исплата, само за две недели од оваа 2016 година Министерството за финансии создаде нов долг од 22 милиони евра – пари што ги позајми од домашните кредитори. Дел до оваа сума е долгорочно задолжување, со што продолжува трендот на создавање на долг што ќе се враќа по дест или петнаесет години. Според опозициската СДСМ, односно дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, овие нови задолжувања ќе завршат за финансирање на предизборни цели.

“Ставрески го направи најочајниот потег и ги зголеми каматните стапки на државните записи и обврзници, само за да обезбеди што повеќе средства за желботеките на неговиот кумашин, поранешниот премиер Никиола Груевски, на товар на идните генерации. Според објавените проспекти, каматната стапка на едногодишните државни записи на претходната аукција била 2,50% а на вчерашната е 2,60%. Кај државните обврзници со рок на отплата од 15 години, на претходната аукција каматната стапка била 4%, а на вчерашната е 4,30%. Со само две аукции и задолжувања Ставрески реализираше 9% од планираниот дефицит за цела 2016 година“, велат за Порталб од СДСМ.

Според дел од економистите, овие нови задолжувања се неочекувани бидејќи на крајот од 2015 година Владата обезбеди 270 милиони евра , пари со кои треба да се финансира првото економско полугодие од годинава. Кога се издаде Еврообврзницата, таква гаранција стаса и од министерот за финансии Ставрески.

“Би сакал да истакнам дека со реализација на оваа трансакција за  Еврообврзница, Р.М обезбеди средства за финансирање на потребите на Буџетот и на тој начин ќе се овозможи продолжување со стабилните текови и стабилната реализација на Буџетот. Она што е најзначајно за граѓаните е дека 2015 година донесе многу неизвесности, многу нестаболности, сериозна политичка криза. Единствената светла точка во државата беше и останува да биде економијата и ние нема да дозволиме во тој дел да има било какви нарушувања“ – изјави министерот Ставрески.

Вкупниот Јавен долг на Македонија изнесува 3,9 милијарди евра или 43,9% од БДП и според ова ниво Македонија е групата на земји кои сеуште се умерено задолжени.

Сепак, анализата што ја направи Порталб, на податоците покажува значен пораст на долговите и кон странство и кон домашните кредитори во изминатите девет години. Имено од 2007 година до сега, вкупниот Јавен долг е зголемен за 2,3 милијарди евра. Од лани, Владата започна да ја менува и рочноста на внатрешниот долг, односно зема заеми што ќе ги враќаат идните генерации, со рок на доспевање од 10 и 15 години.  Така, заклучно со првата половина од 2015  долгот што се се враќа по 5,10 и 15 години достигна 435,3 милиони евра или повеќе од една третина од вкупниот внатрешен долг.

“Во текот на овие три ипол години, или од јануари 2012 година навистина се случи една прилично драматична структурна промена во рочноста на државниот внатрешен долг. На пример, во јануари 2012 та година, државните хартии од вредност со рок на доспевање од над 1 година учествувале со 5,2% додека за три ипол години нивното учество се зголемило на 58% , што е навистина голема промена за релативно краток период“, објаснува за Порталб, универзитетскиот професор Владимир Филиповски.

Меѓу најголемите кредитори на Владата се банките, осигурителните компании и граѓаните преку пензиските фондови.

“Кај банките податоците покажувааат дека во овој три иполгодишен период дека за 2,5 пати е зголемена вредноста на државните харии од вредност коишто се во посед на банките, и пред 3,5 години банките учествувале со 65% во вкупниот јавен долг , додека денес тоа е околу 47%.

Според економистите  интересен момент се пензискити фондови, кај кои за овој тригодишен период имало зголемување на вредноста на државните харии од вредност за 21,5 пати, што се оценува како многу голем пораст. Изразено во проценти,  структурното учество од 5% се зголеми  на 30%, велат економистите и посочуваат дека  тоа би значело дека практично со средствата на пензиските осигуреници на некој начин повторно се финансира државата.

Според аналитичарите , и годинава главен предизвик ќе биде да се оддржи проектираното ниво на буџетски дефицит од 3,2%, што ќе биде тешка задача во изборна година.

Министерството за финансии ја објави агендата за првата половина од годинава – ќе се спроведат дури 24 нови задолжувања преку кои ќе се бараат заеми од банките, фондовите, осигурителните компании.

Проспектите за задолжувањата од домашните кредитори упатуваат на тоа дека само во двата изборни месеци – март и април ќе се спроведат девет аукции.

Анализа на Порталб