Ќе се урива „дивата“ тераса на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

0
1752

По предлог на овластениот градежен инспектор на општина Центар, градоначалникот на општината го поништи решението во тек на градба за седиштето за објектот на ул. “Ѓуро Стругар“ ББ, во кој едниот дел е наменет за деловни дејности, а другиот е хотелски комплекс. Објектот за деловни дејности е, всушност, седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. По одлуката на градоначалникот, ќе следува решение за отстранување на диво изградената тераса, соопштија од Општина Центар.

„Решението, издадено од Секторот за урбанизам на општина Центар, е врз основа на соодветното решение на Град Скопје, кој дозволил инвеститорот ДГ “Бетон“ да отпочне со изведување на градбата во чиј склоп, како што се наведува, е и настрешница во функција на објектот. Градежна инспекција на општина Центар излезе на лице место и направи увид, при што е констатирано дека не се работи за настрешница, туку за тераса која е изградена без одобрение. И од проектот на “Бетон“ се гледа дека се работи за тераса, бидејќи на проектот е нацртан човек кој се движи по терасата и влез од терасата кон внатрешноста на објектот“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Инспекцијата на општина Центар констатирала дека новото седиште на владејачката партија е пуштено во употреба, без претходно издадена употребна дозвола.