Јасминка Ангелова: Твоите команданти се должни да ти ја врачат судската покана, затоа не се криј кукавицо!

0
1390

Кукавицо, облечена во полициска униформа, денеска по втор пат не се појави на Суд! Се криеш и бегаш од Судот за да не се соочиш со мене!
Анализирајќи го твојот кукавичлук, знаев дека и оваа втора судска покана ќе ја вратиш.

Судот направи два обиди за достава на судската покана на твојата домашна адреса и ти повторно го лажеш Судот дека си иселен. Само знај дека Судот и од МВР добил Известување дека живееш на истата, на бараната адреса. Џабе лажеш!!! Денес Судот одлучи поканата да ти ја достави на работното место во СВР Скопје.

Апелирам до твоите претпоставени старешини, Горан Георгиевски „Зоља“ и Мирослав Лазаров „Веѓа“, деновиве, штом ја добијат судската покана веднаш уредно да ти ја врачат. Затоа што во спротивно тоа е помагање во твоето валкано и подло кривично дело.

И повторно ЈАВНО те повикувам да се појавиш на наредното судско рочиште! Командире на вод, во единицата на ЈРМ при СВР Скопје, Здравко Анчевски, те чекам на соочување на 10 декември 2015 година во 13.00 часот во Основен суд Скопје 1 Скопје во судница 3.

Еве ти кажувам дојди за во очи да ти кажам и на тебе( како што побара Судот од мене) а и да му повторам на чесниот Суд уште еднаш, дека не прифаќам никакво помирување! Јас не сум скарана со тебе, па да се смирувам. Не те познавам! Те сретнав на протестите од опозицијата, само кога како полицаец, без никаква причина ме повреди во моментот кога бев свртена со грб, ти со тупаница ме удри по задниот дел од главата… а последиците од добиениот потрес на мозок и добиената контузија во вид на главоболки и вртоглавици сеуште ги чувствувам. Ми го наруши секојдневието во обврските со моите три деца, во време кога сум сама со три малолетни деца, во време кога мојот сопруг, генерал Стојанче Ангелов, заради наша семејна егзистенција беше присилен да замине од татковината и да работи во Ирак.

Ти си храбар и силен само, кога удираш во полициска униформа, а јас како жена бев свртена со грб. Затоа, ќе ти повторам, не ми смета на соочувањето во Суд да дојдеш облечен во истата униформа кога ти кукавички ми нанесе телесна повреда. Понеси ја со себе и целосната опрема на ЈРМ, дојди исто како што беше вооружен кога ме удри.

Само сега ќе ме гледаш во очи, јас не ти се плашам, како што ти сега се плашиш и бегаш од мене. Биди маж, соочи се со вистината и појави се пред Судот да објасниш зошто ме удри по глава или можеби пак ќе се охрабриш и ќе признаеш чија наредба извршуваше!!!

Во спротивно, јас како почитувач на Уставот на Република Македонија и Законите, ти ветувам дека до крај ќе барам да бидеш огласен за виновен и казнет за стореното. Мене пари за оштета не ми требаат.

Не барам да бидеш сменет ниту од работното место. Не сакам таква одмазда. Јас, само барам Судот да те казни за стореното, како поука во иднина да не кренеш рака повеќе на никого, воедно, согласно со целите на казнувањето, твојата казна да има воспитно влијание за останатите полицајци да не вршат вакви кривични дела, затоа што нема да бидат заштитени!

Запамти, дека согласно Законот за полиција, без причина и сосема неосновано како полицаец ти врз мене примени непотребна и несразмерна физичка сила, без претходно предупредување и свесно ми нанесе телесна повреда. Затоа ќе бидеш казнет!

Фејсбук статус на Јасминка Ангелова