🎯 ОБВИНИТЕЛЕ ЈОВЕВСКИ ГО СЛУШНАВТЕ ЛИ ДОБРО “НАМЕРНОТО” НА ВИЛМА И КОЛКУ ТАКВИ (ЗЛО)НАМЕРИ ЗНАЕТЕ ⁉️

0
962

🎧 Објавената аудио снимка во која јасно се препознава гласот на шефицата на ОЈО ГОКК Вилма Русковска е потврда дека:

🚩 ТАА ОД ПОЗИЦИЈА НА МОЌ ЗА ПРОГОН (ЈО), СВЕСНО И НАМЕРНО со незаконски пристап ГИ ПРЕКРШИЛА ПРАВАТА НА ЛИЦЕ кое по нејзин дискреционен и селективен критериум било одбрано да добие притвор и да го гони (Владимир Атанасовски)❗

🚩🚩Секое свесна и намерно прекршување на законските и етичките правила од страна на обвинител во било која фаза од кривичната постапка што ја води е недозволена и казнива и претставува ОСНОВ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ❗

🚩🚩Главна цел во скоро секое обвинение е обвинителството да докаже свест и намера кај обвинетиот за стореното дело за кое го обвинува. Овде обвинителот си ја призна својата свесна намера за кршење на човекови права (кои важат за сите) гарантирани во секаква постапка❗

🚩Ако на ова се додаде споделувањето на нејзината РЕАЛИЗИРАНА (ЗЛО)НАМЕРА (👉”намерно го заборавив во притвор”👈), со тон на фалба и гордост пред “непознати” лица со кои споделува и прашања/теми од делокругот на работа на обвинителството, тогаш тоа дополнително ги потврдува кршењата на сите законски и етички правила за работа на обвинителите, како алфа и омега за нивниот кредибилитет, интегритет и професионалност❗

🚩Од една реченица на соговорникот (кој очигледно направил снимки од нивните формално-неформални седенки) може да се дознае дека, разговорот е воден април – мај 2019 година. Тој вели “… еве ти си 6 месеци обвинителка и како ние не можеме уште да знаеме кој е предлогот …”. Вилма стана шеф на ОЈО ГОКК по бегството на Никола Груевски на 15 Ноември 2018 година. Кои тоа “ние” и каков “предлог”❓

На местото на Владимир Атанасовски во оваа снимка може да се стави било чие друго име. Важно е што обвинител кој е страна во кривичната постапка не смее да постапува пристрасно, неетички и незаконито, зошто ако не е така санкциите што важат за другата страна (осомничените/обвинетите) треба да важат и за обвинителите.

ℹ Еднаквост на страните во постапката или еднаквост на оружјата со ваков пристап (фалена злонамера) што не е санкциониран е глумажа на правда и право❗

👉Зошто ништо од кажаното од Вилма во снимката не ме изненади❓

Не ми беше потребно да ја слушнам снимката во која со само една реченица таа си ја потврдува реализираната (зло)намера, зошто има многу такви (можеби неснимени). За некои од нив пишував, за други ќе пишувам, особено сега кога самата Вилма си ја верификува (зло)употребата и (зло)намерата со фалба “уз чашка”.

Еве сега нешто за личното против Вилма во моите статуси …

ℹ Слични јавно искажани (зло)намери кон мене лично (“ќе види што ќе и’ направам”❗), доаѓаа во времето на моја упорност и претставки кон нејзината колешка Гордана Смаќовска, за конечно по 8 и пол години да го извлечат од фиока милионскиот криминал со “лабораториите и АФИС-ите”. Времето се совпадна со загрозеноста на нејзината клиентела од УБК. Се досети да ми направи (зло)намерно, фингирано и дилетантско обвинение во една реченица, без грам докази …, што впрочем се виде и потврди со одлуката на Судот.

🚩Но, во контекст на објавената снимка и сите моите поднесени барања за изземање, претставки за Вилма Русковска и поднесените пријави за незаконски претрес во дом по нејзина (зло)наредба, сакам да нотирам еден слична злонамера и злоупотреба за која (за жал) нема снимка, но има искази на записници и во кривична пријава, сведоштва и изјави под заклетва на три главни расправи на Суд.

🚩Во 2019 година и во февруари 2020 година, лично и персонално Вилма Русковска како обвинител во фаза на истрага со “заборавање во притвор” и со лажни ветувања и суптилни закани барала од Бојан Јовановски да даде лажен исказ против мене со зборовите: “… Немам докази против Фросина …, кажи нешто …, било што против неа, а за возврат ќе дадам позитивно мислење за тебе за домашен притвор и нема да го гонам татко ти”❗

Ова се медиумски пренесени изјави од судски рочишта.
Не се случи посакуваното од Вилма, но за сметна на тоа се оствари целата нејзина (зло)намера. Не знам дали таа тортура и изнуда е процесуирана, но не треба снимки, за да се потврди дека нејзината (зло) намера не е исклучок, туку правило.
ℹ Ветувала Вилма Русковска на многумина …, на неколкумина обвинети за 27 Април 2017 година…, “брда и долини” за нивниот придонес кон вистината, која немала намера да ја открие до крај, туку имала намера Владимир Атанасовски “да го изеде за сите” или за дел од “сите”. И за тоа ќе дознаеме еден светол ден❗

Додека сите се мешкаат, шушкаат и ечи “штамата” во која сите ја знаат и ја посакуваат одговорност за сите нејзини “етички” испади, закани и штети, останува да се види дали “јавниот интерес за оваа обвинителка” ќе победи и ќе биде третиран на еднакво ниво со интересот кон оние за кои таа лично ја изрази и ја исполни својата (зло)намера.

🚩Најповикани за ова ВНИМАНИЕ се ЈО Љубомир Јовевски и Советот на јавни обвинители❗

Ќе ми биде задоволство да придонесам кон олеснување на нивната одлука со тоа што ќе ги ре-пријавам уште еднаш сите нејзини злоупотреби, за кои тогаш немаа слух да чујат и очи да видат. Можеби низ призма на оваа објавена аудио снимка ќе можат да ги ре-согледаат во реален КОНТЕКСТ.

ℹ Разбирливо е што никаде ја нема дебатата за тоа кој ја направил снимката или кој ја објави. Таа дебата беше апсолвирана во оној момент кога јавниот интерес за обвинителките беше во гро план на сите медиуми. Еднаков пристап … 🤔
🇺🇸 Американците во Капитол Хил и во Стејт Департментот до плочите со познатата изрека “In God we trust” ја имаат паролата на еден од поранешните претседатели која потсетува дека –

🚩”Моќ и власт без правичност и човечност е еднаква на тиранија” 🚩

#НамерноБеГоЗаборавив
#ИВиеСтеУПМ

Фејсбук статус на професорката, Фросина Ременски.