☢🚩НЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ВО ПОЛИТИКАТА И ВОН НЕА❗

0
263

Од најавата дека ќе пишувам за една конкретна не само политички декларативна заложба – „Не за насилството врз жените во политиката“, добив околу 15 пораки од жени. Замолуваат да пишувам за теми поврзани со жените и нивните проблеми – не само со насилството, туку за сите „женски проблеми“. На неколку пораки одговорив и ги охрабрив дека сите ние треба да пишуваме за „женските проблеми“ -тоа е мојата порака во најавата и со овој текст. Секоја преку свои примери и низ своја призма на гледање и доживување, треба да го долови проблемот за да биде виден, слушнат и забележан.
Ако се има страв да се зборува јавно и во прво лице еднина, тогаш проблемот е 10-пати поголем, затоа сите треба да се охрабрат да пишуваат и споделуваат – без исклучок и без страв❗
ℹ Кога ќе ги погледнете објавите и сликите на социјалните мрежи од политичари (министри, пратеници, градоначалници) кои во рака ја држат паролата „Не за насилството врз жените во политиката“ (кампања на НДИ- Националниот демократски институт), прво што ви паѓа на памет е дали, целта е жената и насилството или лајковите од жени за слики во кои некој промовира ненасилство врз нив – жените❓
Јас немам дилема дека, не само што целта е изгубена меѓу редови, туку и ако ја има, тогаш таа е ова второто, зошто за првото треба акција и реакција, а не лајк и слика❗
ℹ🚩Со оваа објава саакам да скршам една бариера која ја чувстувала или ја чувствува секоја втора жена која била политички вклучена – директно или индиректно.
Таа бариера е „примарно да се штити партијата и име на партијата, кога ќе дојде ред да се каже дека поради неа или поради некои нејзини политики некоја жена трпела или трпи политичко насиство, се соочува со повици за насилство, небезбедност или говор на омраза“❗
👉Кога секоа жена ќе ја помине таа бариера и кога за „насилството и во политиката и надвор од неа“ секој ќе зборува без дилема „како ќе биде разбран и дали некој ќе ѝ замери за нејзиниот став/храброст “, тогаш веќе можеме да зборуваме дека, „кампањата е успешна“ и дека, стојат низа задачи пред институциите водени од мажите-политичари што држат кампањски транспарент❗
ℹ🚩Од причина што оваа бариера лично никогаш не сум ја имала кога станувало збор за осуда на секаков вид на насилството и кога сум била и кога не сум била политички активна, не било никаков проблем за мене да застанам во одбрана на жени, пратенички од позиција и од опозиција, да се обратам писмено да им се даде заштита и сигурност или пак, да се извинам ако некој мој гест повредил некоја жена. Но, никогаш не сум била во видик на оние кои имале полна уста заложби против насилството врз жените во политиката, против говорот на омраза по социјалните мрежи, оние кои воделе кампањи за силни жени (❓) и поддршка на лични ставови итн. 👉Тоа и не ми било проблем, зошто сметав и сметам дека, ниту еден збор, на ниту еден форум на жени на ниту една политичка партија не е доволен, ако институциите кои се за граѓаните (мажи и жени) не си ја вршат работата кога е во прашање насилството генерално❗
👉Примарна причина за женската дискриминација (ако може така да се нарече), можеби бил мојот став дека, „жените треба да бидат борци и да не дозволт никој да ги стави во категорија жртви – особено жените во политиката, зошто нивниот глас е глас на сите други жени“❗
ℹ🇺🇸 Националниот демократски институт (НДИ) и многу други домашни и меѓународни организации воделе и поддржале кампањи за „Ненасилството врз жените во политиката“. Тоа се вредни кампањи кои имаат за цел да го зголемат учеството на жените во политиката и во процесот на носење на политички одлуки. Борбата против ненасилството врз жените кои се политички активни е насочена против одвраќањето на жените за учество во општествено-политичкиот живот, зошто примарна цел на насилството во секаков облик врз жената во политиката е ОДВРАЌАЊЕ ОД НЕЈЗИНИОТ ПОЛИТИЧКИ АКТИВИТЕТ❗
ℹ🇺🇸 Имав прилика во Јули 2019 година, преку НДИ/УНДП/ИРИ активно да учествувам на „Лидерски форум“ во Вашингтон на кој најпосетена беше сесијата за „Борбата против насилството врз жените во политиката“ (Violence against women in politics – VAW-P).
👉Главни говорници беа конгресменките Норма Торес и Барбара Ли. Генерален заклучок од нивните опширни и детални говори темелени на обелни анализи и сознаанија собрани од многу земји низ годините беше дека, 🚩НАЈГРУБА И НАЈСУПТИЛНА ФОРМА НА НАСИЛСТВО СЕ ПРАВИ ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО (ТРАДИЦИОНАЛНО „МАШКИ ТЕМИ И ПРОФЕСИИ“❗
Тоа го аргументираа низ многу податлив и личен аспект како жени кои учествувале во работата и носеле одлуки во комитети и тела од областа на безбедноста, одговор на тероризмот, воените интервенции, полициското работење, сајбер безбедноста итн.
👉Нагласија дека, „мажите не ги сакааат жените на овој нивен мачо терен“ и дека, ќе направат се да ги одвратат жените од намерите „да им делат памет и да застанат рамо до рамо со нив“👈
🚩Конгресменката Торес одеше до ситни детали во кои го опиша насилството врз целото нејзино семејство, затоа што застапувала позитивна мигрантска политика и била дел од донесување на акти поврзани со националната безбедност на САД. Останаа забележани нивните зборови дека,
👉„мажите никогаш нема да признаат дека се главните мотиватори и инспиратори на насилството врз жените во политиката, затоа што нивните желби секогаш ги исполнува некоја жена“👈❗
🚩Кога ќе се сетам дека оваа студиска посета се поклопува со времето кога беше во екот реформата на УБК, моето активно парламентарно учество во работните групи, амандманската расправа, политичките дебати, парламентарниот надзор над УБК, но и стручни дебати и аргументации 17 години наназад, воопшто не ме зачудува моментот како инспираторите и извршителите се „одлучија“ за 👉ОБИДОТ ЗА МОЈА ПОЛИТИЧКА ЕЛИМИНАЦИЈА, ПРЕКУ КЛАСИЧНО ДИЛЕТАТНТСКО МОНТИРАЊЕ НА СУДСКИ ПРОЦЕС👈, што во превод е дефиницијата за ПОЛИТИЧКО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНА ВО ПОЛИТИКАТА, поради занимавање со „машки теми и професии“ – дувлото на криминалот во безбедносниот систем на државата❗
🚩Во неможноста да се постигне ПР-ефектот од дилетантското монтирање на дело во кое нема дело, инспираторите и помагачите прибегнаа кон класичен сајбер булинг и кршење на сите можни етички правила за известување и информирање на јавноста на нешто што требало (според нив) да биде fucking јавен интерес❗
👉Во тој сајбер булнинг не се впуштив во „сопствена одбрана“, кога луѓе (и ботови) кои воопшто не ме познаваат како човек и како професионалец редеа погрдни квалификации и ширеа лаги, говор на омраза, повикуваа на насилство и прозиваа семејство и деца.
👉Чекав да видам дали НЕКОЈ СВЕСЕН или НЕКОЈА НАДЛЕЖНА ИНСТИТУЦИЈА ќе реагира на она што денеска со полна уста се пропагира и промовира како „Не за насилството на жените во политиката“. МОЛК. Ги немаше здруженијата, ги немаше форумите на жени на и на мојата и на другите политичка партија да каже два збора, по примерот на одбрана на пратеничката Рангелова од сексизмот на Миленко, или по примерот на навредливите коментари на неколку министерки и сл.❗
🚩Чуден избор помеѓу тоа за кого и за што ќе се реагира, а за кого и за што не. Да, да …, МОЛК. Не само тоа …, немаше „женски форум“, ниту институција која ќе постапи совесно кога збирштина од инструираани лица во март 2018 година протестираа пред мојата куќа со реторика која интернет мрежата ја отстрани и забраани од причина што „содржела говор на омраза и повикување на насилство“❗
👉Излезе дека интернет мрежата е поекспедитивна од ОЈО Скопје и од жена (обвинителка) која НЕ ВИДЕЛА НАСИЛСТВО во пријавениот настан. Единствени што реагираа на тој настан беа премиерот во една изјава и францускиот амбасадор Тимоние со писмо адресирано до мене лично👈
ℹ🚩Во општествено-политичкиот живот секогаш се правила разлика помеѓу ЖЕНИ и ЖЕНИ. Во 1️⃣-та категорија спаѓале оние жени (независно дали се во политика или не) за кои не се реагира кога се навредувани, заплашувани, кога се под рафали на говор на омраза и што ли уште не. За нив постои едно непишано правило дека „Тие се јаки, можат сами и не треба никој да ги брани“❗Додека во 2️⃣-та категорија ЖЕНИ спаѓаат оние жени, за кои ќе биде грев ако не се реагира, не затоа што се „јаки и можат сами“, туки затоа што реагирањето и гласноста треба да им го додаде тој епитет❗
ℹ🚩Пишував за настаните од 27 Април. Во тие пишувања најмалку зборував за физичкото наасилство со телесни повреди што ги здобив од „маж“ кој и покрај правосилна судска пресуда сеуште не ја издржува казната.
Пишував и зборував за колегијалната и хумана димензија на заштитата што им ја пруживме на три жени во налетот на насилство врз „Шиптарките и Турчинката“ кои требаше да се убиваат❗Но, ретко кој напиша за насилството врз новинарките и другите пратенички кои доживееа нешто што некој требал да го доживее, за да може да го напише и опише.
Наместо осуди и јавна реакција на сите надлежни институции и заедницата на социјалните мрежи, реторикаата одеше од „осуда“, „отсуство на осуда“ или „оправдување на насилството“. Па така, пратеничката Мира од Делчево никој не ја коментираше кога ги гледаа сликите на симнување од галеријата преку клупи, туку ја осудуваа и условуваа како „Мира-дизил“, без да се запрашаатј кој се не е „бензин и дизел во политиката“.
👉Но, затоа сите го видоа нападот над Радмилаа Шеќеринска од старецот што грубо ја повлече за коса и лежи затвор за тоа. Не мислам дека овој настан не требаше да се види и осуди, далеку од тоа. Но, интенцијата на овие паралела за ист настан е прикажувањето на реакциите за категориите ЖЕНИ и ЖЕНИ❗
🚩🚩Кога ќе се навратам на технологијата на ДИЛЕТАНТСКОТО МОНТИРАЊЕ НА СУДСКИ ПРОЦЕС против мене како ЖЕНА која отсекогаш била најгласна во повиците и акцијата за вистинска борба против организираниот криминал и корупцијата, во време кога не само немаше ЖЕНИ, туку немаше ниту МАЖИ да се спротивстават на некои постапки на она што го нарекувавме и буткавме како РЕЖИМ, доаѓам до заклучок дека инспираторите и мотиваторите немаа МАШКОСТ да се соочат со една ЖЕНА, па за извршители на ДИЛЕТАНТСКАТА МЕСТЕНКА избраа ЖЕНИ „со машки грб“❗
🚩1️⃣-та жена која учествуваше во овој привид на кривично дело за Фросина Ременски беше судијката на претходна постапка Весна Димишковааа која БЕЗ ГРАМ ЛОГИКА И ДОКАЗИ, недозволиво одобрила наредба за претрес во мојот дом по поднесено барање од 🚩2️⃣-та ЖЕНА-ИЗВРШИТЕЛ Вилма Русковска.
Таа пак како докажан ИЗВРШИТЕЛ се ставила над секаква логика, право и закони, поведена од личните анимозитети кон првата категорија ЖЕНИ на која никогаш не припаѓала, скокна да ги задоволи желбите на мотиваторите❗
👉Токму таа ја потврди оваа моја поделба на категориите „ЖЕНИ и ЖЕНИ“. Не сите ЖЕНИ и МАЖИ која таа ги виде на слики со „педерот“ ги повика да кажат што имаат тие ЖЕНИ со еден „педер“. Па така, единствена ЖЕНА и МАЖИ која ја повика да каже нешто за „педерот“ бев јас❗ЖЕНАТА пак, која „разговарала за законот за ОЈО кај педерот дома“ во друштво со сега осудените „специјалката и педерот“, Радмила Шеќеринска не беше повикана да каже „за што навистина разговарале❓“ …., нееее таа не смееше да биде ни повикана. Некој така изрежирал.
🚩3️⃣-та ЖЕНА која ја „аминува ДИЛЕТАНТСКАТА МЕСТЕНКА преку обвинение како „правен блеф“ на Вилма Русковска е судијката Добрила Кацарска❗
ℹ🚩Мотиваторите и инспираторите се горе-долу исти со таа разлика што трите жени имаат различна грижа „за рејтингот на партијата“ во предизборни и изборни циклуси, па некои водат, некои не водат сметка и за тоа „како ќе се одразат нивните одлуки врз рејтингот на партијата“.
👉Но, сите забораваат дека, „рејтинг се дига за акција и правда, а не за местенки и дефанзива“❗ Но, тоа е дебата за втората категорија ЖЕНИ во кои спаѓаат жени што ги спомнав и многу што не ги спомнав.
ℹ🚩Никогаш не била раскината врската помеѓу мотиваторите, инспираторите и извршителите на политички елиминации врз луѓе – независно дали се мажи и жени. Онаа позната фраза „ја тебе војводо, ти мене сердаре“ сме ја гледале и ја гледаме❗ Но, гледаме и друго.
Сите „тефтеросани судии и обвинители“ од режимското време на кои влакно не им фалеше до скоро, денес ги нема на правосудната сцена – завршија. Да, да. Тие беа наградени за „извршените дела и услуги“.
Прашање на време е кога овој спирален каузалитет ќе го земе данокот на извршителската делатност на сите кои потрчаа да се справуваат со ЖЕНИ кои не бараа да бидат бранети, заради реклама и рејтинг. Бумо видели❗
🚩🚩При крајот, иако најважно за следниот период кога како часовничар ќе ја расклопам дилетантската местенка, доаѓа 👉НАЈГРУБИОТ НАЧИН на ПРИКРИВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО ВО МВР👈
Во овој случај јас се ставам во втор план (директен и индиректен), затоа што ПОВРЕДАТА И НАСИЛСТВОТО Е ВРЗ МОЈОТ ДОМ и моите блиски, односно тоа што некој пред многу години го запишал како „Свето право на неповредливост на домот“❗
ℹ🚩Многу бргу ќе видите како изгледа тоа „in live“, и како тоа наредбата од првата и втората жена Димишкова и Русковска ја извршува еден „маж“ и една „жена“. НАСИЛСТВО НА ТАЦНА, но и улога на еден вистински МАЖ❗
ℹ🚩Тоа е воведот како понатаму продолжува ПРИКРИВАЊЕТО НА НАСИЛСТВОТО СО ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ФАКТИ од страна на „мажи“, како „мажи“ ја штитат Вилма Русковска (од втората категорија жени) и како „се било по закон (⁉️)“. Осилена од „машкиот грб“ Вилма Русковска си зеде за право на очиглед на сопствените злоупотреби јавно да дели епитети „за знаење и незнаење“, без притоа да каже „за што таа како обвинител разговарала со педерот❓“.
👉Не прашав што пеела зошто видов (како и многу други) дека, „Шеќерна, шеќерна“ не дошла така „спонтано и случајно“❗
🚩Наместо да одговори на прашањата секогаш се повикува на „машкиот грб“ кој треба да ја штити затоа што само за таа втора категорија ЖЕНИ важел тој принцип.
Ќе ме интересира што ќе кажат сите после експлицитните докази за насилство❓
ℹ🚩Политичарите што ги држат кампањските транспаренти на НДИ нека ги погледнат законите, прописите, пријавите и статистиките и нека се запрашаат што конкретно направиле да нема насилство врз жените генерално и во политиката. Закони, измени итн., е веќе видена работа, но „Насилството“ (чл.386 од КЗ) според описот значи: малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, вршење на грубо насилство, со што во јавноста се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв … Ова не го велам јас, го вели законот❗
ℹ🚩Ако сакате да спречите насилство врз жените во политиката и жените воопшто, излезете со статистика и кажате колку случаи решивте и по колку пријави постапивте кога ЖЕНИ беа дел од оваа шема на насилство и на неказнивост❓
🇲🇰🚩Сите политички активни жени, односно жени кои трчаат да фатат приклучок во повикот да бидат силни, гласни, да носат одлуки и да се кандидираат за политички позиции, нека бидат соочени со фактот дека, нивните елиминации и поткусурувања се резултат на злобни јазици и подметнувања кои го прават во прв план жени, а сето тоа допира до ушите и логиката на мажите кои сеуште одлучуваат за ЖЕНИТЕ❗
ℹ Затоа земете си ги транспарентите во рака, напишете си ги сами паролите и борете се да бидете во ПРВАТА КАТЕГОРИЈА ЖЕНИ – оние јаките кои можат и сами, како што можеле многупати до сега❗
#ОхрабриСеНапишиСтатус
#ОхрабриСеНапишиСтатус

Фејсбук статус на Фросина Ременски.