ЏАФЕРИ : НИКОГАШ, НИКАДЕ И НИКОМУ НЕ СУМ ВРШЕЛ ПРИТИСОК ЗА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВО

0
333

Никогаш, никаде и никому не сум вршел притисок што се однесува по однос и на мој статус и по однос на членови на семејство, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, одговарајќи на прашање дали влијаел на одлуката за предвременото полагање правосуден испит за неговиот син.

Во однос на извештајот на МВР за затворената седница на која директорот на АНБ Виктор Димовски даваше отчет за случајот „Онишченко“, Џафери рече дека е добиен и денеска е пуштено соопштение до Комисијата дека има предуслови да продолжи со работа.

Определена е друга просторија каде во наредниот период ќе може да се одржува седницата, рече Џафери на заедничката прес-конференција со претседателот на Собранието на Косово Глаук Конјуфца.