ЏАФЕРИ ИЗБУВНАЛ И СЕ ИЗНЕРВИРАЛ ЗАТОА ШТО ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ЗГРЕШИЛЕ МАТЕРИЈАЛИТЕ И СЕ ШЕТАЛЕ

0
243

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите не беше расположен да одговара на прашања за снимката во која вика и пцуе по вработените во собраниската служба. Рече дека не ги пцуел вработените, туку пцовките биле кон односот и кон работата.

Додаде дека не смета дека нешто прекршил, а јавноста си го кажала своето.