ЏАФЕРИ : АНГЕЛОВ ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН АКО НАЈАВИЛ ДЕКА НЕ СТОИ ЗАД ВЛАДИНАТА ПРОГРАМА

0
257

Откако вчера Стојанче Ангелов, лидерот на партијата Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) најави дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ, техничкиот премиер Талат Џафери денеска најави дека утре ќе разговара на оваа тема со Ангелов.

-Ако јавно најавил дека не стои зад владината програма, од формален аспект како премиер ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение, односно ќе донесам и соодветна одлука. Тоа што го кажал на телевизија не е започнување на постапка, но утре јас директно ќе комуницирам со него. Ако така одлучил, тогаш ќе заврши со разрешување, оти нема друг начин. Бидејќи сме во изборен период, тоа треба да го реши друг орган, вели Џафери.