ЌУМУР ЦРНИ ДЕНОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ВАЛДОРФ И СТАТЛЕР – ДВАЈЦАТА КРАЛЕВИТЕ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ, СИЈАМСКИТЕ БЛИЗНАЦИ ОД АЛФА ТВ ПОВИКАНИ НА РАСПИТ ВО ОЈО, ПОКРАЈ ТОЛКУ ГОДИНИ ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ КОНЕЧНО ИМ ДОЈДЕ КРАЈОТ

0
1728

Горан Момироски и Драган Милосављевиќ, новинари и автори на емисијата „Заспиј ако можеш“, која се емитува на ТВ Алфа, утре се поканети на распит во скопското Јавно обвинителство, објави порталот МКД.

Обвинителството смета дека новинарите треба да дадат некакво појаснување за она што го објавиле уште на 11 јануари годинава, а се однесувало на безбедносните и разузнавачки структури на Македонија.

Овие двајца речиси две години колку што им трае емисијата се утепаа од ширење лажни вести без око да им трепне, измислуваат афери, на постоечки афери им даваат невидени апокалпитични размери, шират лажни вести и хистерија, конечно некоја институција реши да им застане на патот.

Лагите ги шират на многу перфиден начин со следниве фрази:

– Јас се распрашав во Брисел и Берлин и од таму ни велат вака и вака…

– Ние истражуваме на случајот и досега она што го дознавме е дека ова и ова, но ќе почекаме да видиме дали ќе биде така…

– Кога се навраќаат на минати афери ги земаат како факти помножени со 1000 значи зголемени и надградени, па кога ќе зборат на некоја тема ги враќаат старите афери како да се докажани со факти во судница иако за тие афери имало само паника во јавноста коа на крај се покажала како лажна паника но они си ги книжат небаре ги докажале на суд и оние лица на кои им се терети аферата небаре се осудени на 100 години робија иако за случајот немало ниту пријава ниту обвинение ниту судски процес?!?!

– цело време ја оцрнуваат владата и ја бранат опозицијата и уште тврдат дека секој што не се согласува со тоа е купен или е пристрасен?!?!