Ќе ќари ли првата кривопаланечка Вмровка амбасадорско место?!

0
593

Деновиве низ кривопаланечките кругови на големо се коментира за тоа како првата Вмровка – (претседател на локалниот комитет на жени ) Елена Митевска Давидивска нишани на едно од амбасадорските позиции во Шпанија, Канада или Колумбија. Не е за изненадување што се продолжува со наградување на сдсмовски кадри, велат добро упатените и револтирани членови на Вмро Дпмне. Како е можно некој вчера да дојде во партијата и тоа од чисто СДСМ семејство, за да биде назначен за координатор на ЛК на Вмро, а сега за кратко време да биде кандидат за една ваква позиција.

За да се биде амбасадор потребно е дипломатско искуство или во најдолна рака познавање на локалната култура, традиција таму кај се оди. Што ќе прави таа на пример во Колумбија, евентуално ако не го земе со себе и нејзиниот сопруг па како познат криминалец да почне да се занимава со бизнис со наркотици. Знаеме дека истиот тој на времето поради тешки телесни повреди кои ги нанесе на еден сограѓанин ја напушти државата, за да кога се врати Вмро Дпмне на власт биде амнестиран и вработен како просветен инспектор без ден работно искуство.

Други пак коментираат дека тие се свесни за хипотеката која ја влечат, па со обезбедување на ваква позиција сакаат да се стекнат со имунитет. Се на се тоа се тие патриоти кои мислат пред се за себе па ако остане нешто и за народот, коментира револтираното членство на ВМРО ДПМНЕ.

11185811_10152825534317196_684995774_n

Кој си има мува на главата – тој си ја ишка! Или кој им краде по 50 евра секој месец на паланечките конфекционери! На големо најавуваната инвестиција на ВЕИБО груп во Македонија по се изгледа ќе постане втор Субрата Рој. Имено после првото официјално најавување и канење гости за официјално пуштање на Слободната зона Ранковце, уште во декември минатата година, се уште нема ништо од најавените нови 5000 работни места на премиерот Груевски. Имено механизацијата која работеше претходно во самата зона е повлечена, а изведувачите кои беа ангажирани се жалат дека сите заглавиле со огромни финансиски средства кои не им биле исплатени, па морале да ја прекинат работата. Слична е состојбата и во погонот во Крива Паланка, каде вработените се жалат дека работат по 6 дена во неделата по 8 часа ама за жал првите плати биле изненадување за сите .

hqdefault

Покрај најавите дека ќе примат плата од 10000 до 12000 денари тие едвај зеле по 6000 денари. Од извори од турската компанија дознаваме дека по работник се преведуваат бруто 18000 денари што нето би требало да биде околу 12 000 денари но парите некаде исчезнуваат, се жалат вработените. Прашање е кој од локалните моќници ни зема по минимум 50 евра од нашиот труд. Кој си има мува на главата – тој си ја ишка вели народната поговорка, па така Градоначалникот Арсенчо Алексовски пред десетина дена бил во погонот и директно во разговор со вработените се обидел да им објасни дека не е така. Но бидејќи средбата не била најавена, додека вработените да се организираат да му постават неколку прашања, тој си заминал со новиот џип од 50.000 евра.