ЌЕ СЕ КРАТИ РОКОТ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ – ДИСЦИПЛИНСКИТЕ ПОСТАПКИ ЗА СУДИИТЕ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ЧУВААТ ВО ФИОКА

0
94
Дисциплинските постапки што се водат против судии нема да можe веќе да се чуваат со години по фиоки откако во мај ќе биде променет деловникот на Судскиот совет во насока на предвидување на рокови за движење на предметите, најави претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева на брифинг со новинарите на којшто го објснуваше што Судски презема за да се исполнат препораките на Оценеската мисија на ЕУ кои беа испорачани по контроверзното разрешување на Дамева.

-Има предмети што стојат во фиоки на некои членови. Недозволиво е некои постапки да траат и по година до две, рече Дамева.Со измените на овој деловник членовите ќе треба јавно да образложат зошто гласале „за“ или „против“ унапредување на некој судија со оглед на тоашто може да гласаат за кандидат кој не е меѓу прворангираните, а гласовите на членовите кој како гласал ќе бидат објавени јавно на монитор, па нема да може да има „вадење“ системот не работи.

Со менување пак на правилникот за рангирање на судиите со цел да бидат помотивирани, наместо повеќе бодови за познавање на странски јазик, тие ќе добиваат бодоови ако сработат повеќе предмети, ако евентуално бидат делегирани во судови каде има помал број на судови, па со повеќе сработени предмети судиите ќе добиваат повеќе бодови.

Ова се само дел од мерките кои ги презема Судскиот совет за да се имплементираат 16-те краткорочни препораки од оценската мисија, а наскоро ќе биде усвоена и комуникациската стратегија во која има препораки за транспарентност и отчетност.Освен ова ќе се работи и на интегритетот на членовите на судскиот совет, а Дамева ги прифаќа забелешкиот во најновиот извештај на Стејт департментот кој нотираше унпаредување на судии под политичко влијание.

Според Дамева, интегиртетот е најбитен и порача дека ако до неа има интервенција од политичар за унапредување на судија, таа нема да гласа затоашто ќе знае дека тој судија ќе буде нечиј слуга.Oценската мисија на ЕУ во декември минатата година го достави Извештајот за функционирањето на Судски совет со 40 краткорочни и среднорочни препораки за подобрување на неговото функционирање. Дел од препораките се однесуваат на подобрување на праксата и работењето на самиот Судски совет и може да бидат спроведени, без никакви законски измени.

Останатите мерки, предвидуваат уставни или законски измени и се однесуваат на тоа кој може да биде избран за член на Судскиот совет, должината на мандатот, дефиницијата „истакнат правник“, воспоставување рамка за начинот и постапката за разрешување на претседател на Советот, одговорноста на членовите на Советот, како и образложување на постапката и одлуката за санкционирање на судии, како и за зголемување на буџетската автономија.