Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „МАГНА“ ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ВО ШТИП ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Фабриката на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, ќе започне со работа во индустриската зона во Штип од следната недела, според најавите на премиерот Христијан Мицкоски.

Фабриката за интегрирани системи од механички и електронски компоненти во автомобилската индустрија изградбата и инвестирањето го започна пред две години, кога беше најавено дека таму ќе се делат плати над националниот просек.

-Странски инвестиции секојдневно доаѓаат, разговараме и имаме некои петнаесетина што се во процес на развивање и очекувам од тие најмалку половината да бидат успешни, ако не и сите.

Со задоволство можам да кажам дека оваа недела ќе почне со работа фабриката, производниот капацитет на „Магна“, странски инвеститор во Штип, со нови 500 – 600 вработени, добро платени вработени и со инвестиција што беше 45 – 50 милиони евра, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на струмичко Ново Село. „Магна“ е корисник на директна државна помош како странски инвеститор во технолошко-индустриските слободни зони.

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ