ЌЕ ПЛУКАШ КОГА ТИ СКРАТИ 1 МИЛИОН ЕВРА ГОДИШНО ПОВЛАСТЕНИ КВОТИ ЗА ТВОИТЕ АПТЕКИ – МЕХАНЏИСКИ: ДЕН ДОНЧЕВ БЕШЕ ГОЛЕМО ЗЛО ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО!

0
1101

Сопственикот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски, во интервју за „Трилинг“ изјави дека поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев му направил, како што рече, многу големо зло на македонското здравство

-Малку се тие скандали што му ги извадија на Ден Дончев, има многу повеќе, да не отвораме. Тој човек дојде од Австралија во Македонија да се збогати. Не знам кој го штити, но го знам многу добро. Тој беше компромитиран и претходно. Кога бил тој на страната на македонската здравствена потреба? Никојпат. Најпромашена инвестија за ФЗОМ беше Ден Дончев. Не знам каде е сега и не ме интересира, само знам дека направи многу големо зло на македонското здравство. Тој човек немаше квалитети да го води македонското здравство. Многу добра услуга направи што си отиде од здравството – рече Механџиски.

Новинарот можеби заборавил да го потсети дека можеби оваа нервоза на газдата на Зегин е поради тоа што Ден Дончев како шеф на ФЗУ ги скрати големите повластени квоти за Зегин од над 1 милион евра пред другите ланци на аптеки што го ставаше секогаш во повластена позиција да млати големи профити секоја година.

Ден Дончев ги укина квотите и сега сите аптеки може да се натрпеваруваат еднакво на пазарот и плус пациентите не мора да трупаат залихи од страв дека квотите ќе се потрошат, затоа овој вечен МУТИВОДА сега плаче и плука по Ден Дончев!