ЌЕ НАПРАВАМ ПРИТИСОК ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ЗА ИТНИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЗДРАВСТВОТО, ТЕШКО Е ЗА ПАЦИЕНТИТЕ, НО УШТЕ ПОТЕШКО ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, РЕЧЕ ТАРАВАРИ

0
131

Таравари, Клековски и д-р Стојковски денеска разговраа за проблемите на Клиниката за онкологија. (Фото: К. Попов)

Следната недела ќе се сретнам со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, да правиме притисок да се дозволат вработувања на медицински кадар, со акцент на Клиниката за онкологија и радиотерапија, оти ваквото функционирање е тешко за пациентите, но претешко е и за кадарот, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски разговараа со новиот директор на Онкологија, д-р Игор Стојковски за проблемите на вработените и на пациентите. Во моментов, на Клиниката има 100 лежечки и 50 амбулантски пациенти. Во цела земја има околу 50 онколози, а министерот вели дека тоа е премала бројка за Македонија.

„Клиниката се соочува со дефицит на кадар, сестри, техничари, доктори. Планираме што поскоро да ги активираме амбулантите за онкологија во Тетово, Битола и во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ во Скопје“, кажа министерот.

На новинарско прашање од каде ќе најде кадар, тој кажа дека многу од кадрите си одат надвор, но дека е извесстен дека имаме кадар кој веднаш може да биде активиран.

На новинарско прашање што ќе се случува со акцелераторите за кои се дадени милиони евра, а со години не се во функција, Таравари рече: „Конкретно, за акцелераторот во Штип добив информација дека е купен, 10 години не е користен, а веќе е амротизиран. Таков не е само еден, има повеќе примери. И во Штип и во ‘8 Септември’ три пати се отидени и се промовирани. Ми требаат повеќе информации за да се преземат одредени мерки. Ако апартот не може да се користи, ние сме доста неодговорни. Купуваме апарат од 2 милиона евра, а никогаш не го користиме. И плус е амротизиран, значи треба да се плати за да се фрли некаде“.

Извор : СДК.МК