ЌЕ ИМ ПОМАГАМЕ НА КОСОВАРИТЕ ДА ПРАВАТ ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА БУБРЕГ

0
784

На денешната средба со косовскиот министер за здравство Уран Исмаили, разговаравме и го запознав со новините кои се воведоа во нашето здравство: интегрираниот сервис за домашна посета, изградбата на новиот Клинички центар, унапредувањето на достапноста на гинеколози во државата и воведувањето на двата нови типови на упат во националниот систем МојТермин.

Значајно ги зголемивме платите на здравствените работници. Минатата година за првпат обезбедивме средства за вложениот труд на приватните специјализанти. Со измената на Законот за здравствена заштита, за првпат секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство. Преку континуирана грижа го враќаме достоинството на сите наши здравствени работници.

По средбата, со косовскиот министер Исмаили ја посетивме Клиниката за хематологија во Скопје, каде на докторите од Косово им беше понудена експертиза во областа на трансплантацијата. Минатата година на оваа Клиника беше направена првата трансплантација на матични клетки од несроден донор.