ЌЕ ИМА УБИЕНИ БУГАРИ! ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ОХРИД, КОСТАДИНОВ СМЕТА ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ Е СПРЕМНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

0
513

Сите европски земји ги затвораат очите и ушите пред застрашувачката антибугарска хистерија и омраза – посочи Костадинов. Овој молк, според неговите зборови, ја дегенерира самата суштина на ЕУ.

Лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, од говорницата на Народното собрание, изјавил дека е загрижен од можноста за физичка ликвидација на Бугарите во Македонија. Како причина тој го навел синоќешниот случај на одбивање да му се пружи лекарска помош на претепан Бугарин во Охрид, јавува Њуз.бг. – Ќе има Бугари убиени во Северна Македонија – изјавил тој. остадинов повторно изјави дека Македонија не е подготвена да се приклучи на европското семејство и потсети на нападите врз бугарскиот клуб во Охрид. – Сите европски земји ги затвораат очите и ушите пред застрашувачката антибугарска хистерија и омраза – посочи Костадинов. Овој молк, според неговите зборови, ја дегенерира самата суштина на ЕУ.

Бугаринот од градот Охрид Христијан Пендиков има повеќе испукани прешлени, ребра и скршена вилица. Пендиков синоќа бил нападнат во грб од Илија Спасески и уште две лица, јави репортерот на БГНЕС.