ЌЕ ИМАЛО ПОВЕЌЕ АМА НЕМАЛО 4Г МРЕЖА ВО ЦРКВАТА – КОМЕДИЈА НА ПАЛЧО КОЈ СО ГОДИНИ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ЌЕ ЈА СПОЈУВАЛ ЗЕМЈАТА СО РУСИЈА И КИНА: ДВАЕСЕТ ДУШИ СОБРАНИ ВО ЦРКВА ФОРМИРАА ПАРТИЈА ДЕСНА

0
680

#ИЗВЕСУВАЊЕ
Почитувани,
подржувачи, симпатизери и членови на ДЕСНА.
Денес, 28 Јануари 2023 година се одржа првиот конгрес на Политичката партија ДЕСНА во ЦРКВАТА Св Богородица, Бразда. Присуствуваа 110 делегати од цела Македонија кои успешно за 5 часа успеаја да ги донесат следните по важни одлуки :

👇
🔴Измена и дополна на СТАТУТОТ на партија, со проширување и зголемување на бројот на членови во сите тела на партија и други дополнувања заради по ефикасно функционирање на ДЕСНА.
🔴Усвојување на ДОКТРИНАТА на партијата, каде 8 дискунтанти, членови на конгресот вградија дополнителни политики на предложената ДОКТРИНА од страна на ИК на ДЕСНА.
🔴Изгласаана одлука со која се задолжува Централниот комитет да формира две работни групи на партијата: ОПЕРАТИВНА и ИДЕОЛОШКА група кои се задолжени на следниот КОНГРЕС НА ПАРТИЈА закажан за 30 Јуни, да ги презентираат краткорочните ПЛАНОВИ за дејство во периодот од денес 28 Јануари 2023 година до Јули 2024 година.
🔴Изгласана е декларација со која ДЕСНА како политички субјект се спротивставува на членството на Македонија во НАТО и ЕУ, поточно е против сите интегративни процеси во однос на Европската унија.
🔴Презентиран е предлог законот за измена и дополна на ЗАКОНОТ за една ИЗБОРНА единица со 22 амандмани, како и прензентирани се потребните законски измени во делот на СУДСКАТА влас. Двата предлог закони како политички став на ДЕСНА се едногласно изгласани, како КОНГРЕСНИ одлуки и конкретни политички ставови, во форма на предлог закони.

🔴Дополнет е ЦЕНТРАЛНИОТ комитет со нови 20 членови.
🔴Љупчо Палевски е избран за претседател на партијата ДЕСНА, до следниот конгрес на партијата закажан за 30 Јуни 2023 година. политичката пракса на ДЕСНА е дека токму нејзиниот претседател ќе биде предмет на проверка и реизбор на секој редовен конгрес на партијата. Се воспоставува и праксата, партијата десна секоја година да одржува најмалку 2 (два) редовни конгреси заради зголемување на политичката активност и давање извештај на сите органи на партијата, давање или одзимање на доверба пред највисокото тело, КОНГРЕС на ДЕСНА.
👇
Почитувани Македонци и членови и подржувачи на ДЕСНА.
Спротивно на нашата цврста намера со ЛајвСтрим да вршиме пренос и вкључиме огромен број наши членови и функционери на партијата, како и интерес од огромен број симпатизери истото, преносот не можевме да го направиме од причини што 4г сигналот не дозволи заради ЛОШ квалитет на локацијата каде се оджа Конгресот.
НАСТАНОТ е комплетно снимен, во текот на утрешниот ден ќе биде емитувана кратка снимка од важните и интересни настапи на членовите на КОНГРЕСОТ..
Со почит,
Палчо
Љупчо Палевски
Претседател на
#ДЕСНА