Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

ЌЕ ЗАРАБОТУВАМЕ ОД ТРАНЗИТ НА ГАС КОН ЕВРОПА – ЗА ДВЕ ДО ТРИ ГОДИНИ ЌЕ ПОТЕЧЕ ГАС НИЗ ИНТЕРКОНЕКТОРОТ СО ГРЦИЈА

Гасниот интерконектор со Грција и брзата пруга се проекти приоритет број еден бидејќи Македонија може сериозно да се развива само од наплатата на транзит на гас и транспорт по брза пруга, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски Тој потенцира дека тендерот за изградба на интерконекторот е распишан пред една недела, роковите се кратки и веќе во месец ноември треба да стигнат понудите.

-Можеме за две до три години да го изградиме тој интерконектор. Ќе имаме гасно поврзување од Александрополус преку Солун, Гевгелија, Скопје се до Куманово, со што ќе ја намалиме зависноста од рускиот гас бидејќи сега гас стигнува само од Бугарија чиј сопственик е Гаспром. Нудиме и чекор понатаму. Со Србија потпишавме меморандум за разбирање за изградба на интерконектор со Србија. Ние сме стигнати до границата, а тие до Ниш и треба да се спуштат надолу. Тоа значи дека преку Македонија може да стигне најголем дел од гасот кој што ќе се користи во Централна Европа. И затоа треба да бидеме паменти, Македонија може да живее само од транзит на гас и транспорт преку железница- изјави Николоски за ТВ 21.

Во однос на проектот за изградба на 400 – киловолтниот далновод Охрид-Елбасан и поврзувањето со Албанија, тој рече дека се разгледуваат две опции со ЕБРД – прекинување или реобјава на овој проект.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ