Министерот за спорт Борко Ристовски, во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека неговото министерство ќе има сосема нов пристап кон развој на спортот.
Ристовски кажа како ќе биде финансиран спортот, но и покрај тоа, ќе се бараат и резултати од клубовите, или од спортистите во индивидуални спортови.
„Ќе ги финансираме четирите тимски главни спортови, како фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, потоа оние спортови во кои имаме успеси, атлетика, таеквондо, пливање, бокс, борење… Сите останати ќе ги помагаме, а овие ќе ги финансираме делумно или комплетно. Тоа е еден нов пристап и сосема нова страгетија, но и ќе бараме резултати. Исто така да има подобрување на резултати. Ако не бараме резултати, ако го нема тој позитивен спортски притисок, тогаш нема да имаме успех“, рече Ристовски.