Ќе висат заедно или ќе бегаат одделно?

0
605

Македонија влегува во политичка бестежинска состојба, со темелно расклатен ЕУ-кандидатски статус и со „стегнати“ разновидни меѓународни санкции за Грујо и „његово весело друштво“ во аголот на кафеаната.

Според народната „Што ќе расипе еден будала, не можат сто паметни да поправат!“, во домашната и во меѓународната стручна јавност сé уште се трага по решение за начинот на кој г. Хорхе Иванов, кој во работно време сé уште се издава за претседател на Македонија, треба да гопоништи она светско правно чудо од аболиција. Можно е да остане засекогаш тајна, но мене не ми е јасно што го натера човекот да му зарие на ДПМНЕ таков нож в грб?! Бидејќи, да не се лажеме, на страна СЈО и Катица, без тој клинец – море клинчуга! – во сандакот на Фамилијата, ние уште со режимот ќе се натегавме за реформи во медиумите, за изборни списоци иза датуми до кога ова или она требало да се заврши… Уште ќе ја тераа опозицијата да јаде ретка преговарачка чорба со виљушка и да се пенави докажувајќи дека од изборните реформите ни р не е исполнето. И, се појави Хорхе како гром од ведро небо, како супер-херој од продукцијата на Марвел, и со плаштот што му се пафта зад газот, им зачука аболиција директно в чело – заради што, сега, овие политички нокаутираниве одФамилијата, се тетерават како искубени гускиво магла!

Оваа епизода од научно-фантастичниот серијал „Хорхе во Вселената“ ќе трае до крајот на овој викенд. Во потрага по правно провидение кое, наводно, му недостасува на Хорхе за да ја повлече својата незаконска одлука, уште два-три денаѝсе оставени на власта за да ја спречи следната фаза којашто настапува од идната недела: Македонија влегува во политичка бестежинска состојба,со темелно расклатен ЕУ-кандидатски статус и со „стегнати“ разновидни меѓународни санкции за Грујо и „његово весело друштво“ во аголот на кафеаната.

Целата колумна ОВДЕ