ЌЕ БИДЕ ТЕПАЊЕ!!!

0
1868

Еден мој поранешен пријател, бранител од 2001-та, жесток подржувач на ДПМНЕ, Predrag Petrusevski Бинго, со ништо непредизвикан, синоќа на неговиот ФБ профил напишал:

“Гледам Стојанче Команданти се курчи ,ќе тепал некој,предизвикува на ферка???
Ајде Женсорале.еве јас Бинго,Бранител како и ти,те предизвикувам на ферка,каде и кога сакаш!“

stojance-angelov

(Статусот е пренесен интегрално, така како што е објавен на неговиот ФБ профил)

БИНГО!
ОК. Прифатено. Го прифаќам твојот предизвик. Прифаќам борба со тебе. Со неколку мали корекции.

Како прво, јас не сум се “курчел“ дека ќе тепам некого. Јас само предизвикав две лица на “ултимајт фајт“ спортска борба. Првото затоа што ја удри мојата сопруга во тил. Второто затоа што удри безопасен новинар. И стојам на мојот збор. Тоа пак, само по себе, не значи дека ќе ги тепам. Можеби јас ќе го извлечам подебелиот крај.

Како второ, јас сум спортист. Ниту почитувам, ниту сакам, ниту признавам насилство. Најмалку улично насилство. А тие твои т.н. “ферки“ се токму тоа. Улично насилство. Насилство кое ќе ги вознемири граѓаните.

Затоа, го прифаќам твојот предизвик со мала корекција. Прифаќам “ултимајт фајт“ спортска борба со тебе. Во сала. Во ринг. Пред публика. Со судија. Со правила. Иако, за воља на вистината, правилата се ептен скромни. Нема гризење. Нема удирање во тил. Се друго е дозволено.

Доколку не си се предомислил, те чекам во инбокс да се договориме за точното место и време, некаде во август.

П.С. Потсетување и до Командант Палачинка: https://www.facebook.com/stojance.angelov/posts/850468195040474?hc_location=ufi

Ирак, 16.07.2015.
Генерал Ангелов