Туризам и можности: Разговори со Turkish Airlines за 2025 година
Денес имав одлична средба со Улкер Суле Аксој, Генерален менаџер на Turkish Airlines Скопје. Разговаравме за потенцијална соработка во областа на туризмот и за начините на кои Turkish Airlines може да помогне во промоцијата на Македонија. Посебно се осврнавме на возбудливите можности што ги нуди 2025 година, кога планираме да ја презентираме нашата прекрасна земја во Јапонија.
Верувам дека соработката со Turkish Airlines ќе создаде нови патишта за развој на туризмот и ќе ја зголеми видливоста на Македонија на глобалната мапа. Се радувам на идните иницијативи и новите можности што оваа соработка може да ги донесе! ✈️
Фејсбук статус на министерот за култура, Зоран Љутков.