Префрлањето на надлежностите за изградба на Универзалната сала од Град Скопје на Министерството за култура е извршено незаконски и во моментов постапката за реновирање е во прекин. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека за сите прекршоци ќе има кривични пријави за сите инволвирани во овој процес.
Во моментов не се знае под чие раководство е оваа сала, но Љутков подвлекува дека според законот Владата не може да гради или финансира локална институција.
Љутков рече дека постапката ќе се продолжи од почеток и ќе се води на законски и транспарентен начин. Тој вети дека во 2028 година Универзалната сала ќе биде подготвена за настанот, кога Скопје ќе биде главен град на европската култура.
Извор : Aлсат.мк