Saturday, May 24, 2025
12.8 C
Skopje

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за март за околу 3000 луѓе вработени во културата во 120 институции.

Доцнењето се должи на новиот начин на пресметка на платата што, рече, е многу обемен процес, но нагласи дека е првпат со консензус од сите чинители односно пресметката е усогласена со Министерството за финансии и со двата колективни договора – општиот и посебниот. Посочи дека околу 6 отсто ќе биде во просек зголемувањето на платите кај сите вработени и дека процентот ќе биде согласно двата колективни договора.

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител Љутков рече дека не било пријатно вработените во културата да се остават без плати за време на празниците и за тоа им се извинил, но, рече, „тоа еднаш мораше да се реши“.

Појасни дека досега платите се исплаќале според Колективниот договор потпишан во  2019 година помеѓу синдикатите СКРМ и СОНК со Министерството за култура кој, рече, бил „набрзина донесен“ и без согласност од Министерството за финансии. Поради тоа, за да обезбедат покачувања во однос на минималната плата, во наредните години институциите крателе од буџетот наменет за програмите. Како што рече Љутков, неодржливо е дури 81 отсто буџетот да оди за плати, а 19 отсто за програми.

-Тоа е неодржливо и ова е најправилниот начин како да се реши. Зголемувањето кое е направено е и според Општиот колективен договор, и според Посебниот колективен договор, и според закон, бидејќи првпат се усогласуваме сите. Досега секое исплаќање било незаконски зашто немало согласност од Министерството за финансии за колективен договор и тоа значи дека треба сами да си ги обезбедувате средствата од внатре. И секогаш растеле платите, се намалувала продукцијата, немало средства за капитални, ни за обични инвестиции ќе нема и на тој начин ќе дојдеме до ситуација да нема ни за плати. Сега, на овој начин на кој ќе ги исплатиме платите, конечно се решава четиригодишниот проблем, рече Љутков во гостувањето во ТВ Сител.

Извор : Прес24.МК

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ