Тепачка меѓу мажи, но и меѓу жени ги вознемири посетителите на базенот во Штип.
Имено, на социјалните мрежи се прошири видео на кое може да се забележи дека се тепаат мажи, а три жени, исто така се кубат за коси и си удираат тупаници.
Што е поводот за тепачката, не се знае, но многумина на социјалните мрежи коментираат дека ова однесување е непристојно, особено затоа што се случува на јавен простор и пред деца.