ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: 11 ПРОМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈИШТЕ КОИ ЌЕ ГО ПОМОГНАТ МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛИЕ!

0
403

Покрај воведувањето на #ЗеленаНафта за 🚜 оваа недела, Собранието на 🇲🇰 истата недела ги усвои и реформските измени на Законот за земјоделско земјиште на што макотрпно јас, министерот Trajan Dimkovski и тимот на #МЗШВ работеше овие две години.

Многу развојни мерки, нови политики и решавање на проблеми во интерес на земјоделците.

1. Овозможуваме изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности. Оваа реформа директно ќе влијае врз зголемувањето на инвестициите во руралниот туризам, главно преку искористување на 🇪🇺средстава од ИПАРД програмата.

2. Се посветивме на решавање на долгогодишниот проблем на пчеларите. Со носењето на најновите законски измени, даваме можност и одгледувачите на пчели да добиваат државно земјоделско земјиште со намена за поставување на пчелни семејства.

3. Ги ослободуваме младите земјоделци од плаќање на закупнина. Лицата до 40 години кои ќе добијат државно земјоделско земјиште , ќе бидат ослободени од плаќање на закупнината во првите 3 години !

4. Неможноста земјоделците да ги зголемуваат своите површини заради поранешните погрешни политики во минантото, заминува во историјата. Земјоделците кои веќе имаат добиено површини до 3 ха ќе имаат право на учество на оглас и проширување на својот земјишен фонд до 10 хектари.

5. Пропишуваме можност за доделување под закуп на земјоделско земјиште на кој е насаден долгогодишен насад од непознат сторител. Целиме кон ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште и зголемување на обработливите површини.

6. Ставаме крај на манипулациите и пропустите во делот на јавното наддавање. Имено, доколку прворангираниот не склучи договор за закуп, тоа право се пренесува на второрангираниот, што не беше случај досега.

7. Банкарската гаранција како потребен документ при аплицирање добива и своја алтернатива. Даваме шанса да доколку апликантот смета дека е поисплатливо да наместо гаранција може да уплати депозит за квалитетно и навремено извршување на договорот.

8. По прв пат овозможуваме измена на бизнис планот во ситуации кога неговата реализација е неизвесна поради невоведување во владение навремено или на целата површина и најважно, промена на културата пропишана во бизнис планот со што земјоделците можат слободно да го преориентираат своето производство, доколку истата измена не влијае нa времетраењето на закупнината.

9. Уредивме постапка за оние субјекти кои заради разни финансиски причини не биле во можност навремено да ја платат закупнината при што им бил раскинат договорот, а сеуште го имаат владението да добијат шанса со приложен доказ за платена закупнина со затезна камата да склучат нов договор и да продолжат со својата земјоделска дејност.

10. Решаваме уште еден долгогодишен проблем на земјоделците. Оние земјоделци кои склучиле договор, а заради неразбирливи причини не биле ставени во владение во законски утврдениот рок од 1 година ќе можат да поднесат барање во рок од 15 дена од влегувањето во сила на овој закон и крајно да добијат владение.

11. Воведуваме нов рок за легализација на безправно подигнати оранжерии, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи. Засегнатите странки ќе можат да поднесат барања за легализации до 31.07.2020 год. Целта е ваквите објекти да имаат решени имотно – правни односи со што ќе можат без никакви пречки да аплицираат и користат европските фондови за земјоделство и рурален развој.

ЗБОРОТ ВАЖИ!!!