Љупчо Николовски нема да бара апанажа, дневниците ги донирал на СОС Детското село

0
786

Досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски нема да ја искористи законската можност за користење апанажа една година, информираат од Министерството.

Во соопштението од Министерството се наведува дека одлукаta на Николовски е од морални причини и од интерес на граѓаните.

„Ова не е единствено одрекување од бенефициите кои што на Николовски законски му следуваат како функционер. Во изминатите две години, сите дневници за службени патувања Николовски ги донираше во СОС Детското село”, додаваат од Министерството за земјоделство.