ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ОБЈАВИ ЛИСТА НА СИТЕ БИЗНИСМЕНИ И ПОЛИТИЧАРИ КОИ БИЛЕ И СЕУШТЕ СЕ ЛИЧНИ ПРИЈАТЕЛИ СО ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ

0
721

Бидејќи Љупчо Палевски-Палчо никој не го познава во Македонија,изгледа останувам единствениот кој добро го знае, a и како да не го знам човекот кој направи специјален весник за мене, СТАРТ кој траеше колку и мојот мандат, каде беа изнесувани сите дезинформации, лаги за говорот на омраза и да не зборувам за мене и блиските луѓе.
Како да не го знам човекот кој како Претседател на СДСМ за град Скопје на славниот 15 септември катастрофално ме порази. Цело Скопје виде спас во него од мојата диктатура.

Палевски беше личен пријател на:

– Драган Стојмановски-Млекце кој заедно со уште неколку удбаши и косовци беа на хонорарниот список кај него.
– Лазе Китановски чиј брат работеше кај Палчо.
– Добри Величковски за кого Палчо се фалеше дека личната архива му ја предал.
– Зоран Верушевски, нивното пријателство е легендарно.
– Душан Томиќ,на кој му се обракал со Чика и кој му ги решавал проблемите од Белград во македонското судство.
– Доста Димовска
– Бранко Црвенковски
– Хари Костов
– Страшо Гранит кој го пренесе во гепек од Грција.

Втората гарнитура не се важни во моментот.

Општа констатација е дека системот на неказнивост родила монструм, но проблемот е што Македонците се заљубени во тој систем!?

Системот има име “Длабоката југословенска држва” и нејзиниот огранок во Македонија.
Фејсбук статус на Љубчо Георгиевски.