Љубовта е нешто што може да се развие меѓу луѓето од сите форми, бои и големини. Оваа LGBT ориентирана кампања од страна на Zim Colored Powder ја потенцира поентата со прекрасни фотографии на заљубени парови обоени со најразлични бои. Хомосексуалните и хетеросексуалните двојки се присутни, осигурувајќи дека мулти колорната порака се протега исто така до LGBT заедницата. Пудрата во боја не е токсична, не ја иритира кожата и не остава флеки. Ваков тип на пудра во боја се користи на фестивали (како фестивалот Rave i Holi во Индија), исто така може да се користи за да се создадат неверојатни фотографии. Рекламната кампања е создадена во соработка со Tuppi (бразилска рекламна агенција).
Урбанкулт