Јункер има годишна плата од 317.496 евра

0
737

Најплатен лидер во Европа е претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер со годишна бруто плата од 317.496 евра, додека најмалку платена е премиерката на Летонија Лаимдота Страујума со годишна бруто плата од само 25.285 евра, пишува холандскиот портал Сарагасо.

junker(3)

Следни на листата најбогати се претседателот на Европскиот совет со плата од 298.495 евра годишно и премиерот на Луксембург Хавиер Бетел со годишна плата од 288.000 евра.

Германската канцеларка Ангела Меркел заработува 250.000 евра годишно, додека британскиот премиер Дејвид Камерон има годишна плата од 195.00 евра.

Холандскиот премиер Марк Руте се наоѓа на десетта позиција со годишна плата од 180.000 евра, за нијанса повеќе од францускиот претседател Франсоа Оланд кој годишно заработува 179.000 евра.

Италијанскиот премиер Матео Ренци годишно заработува 115.000 евра, грчкиот премиер Алексис Ципрас 85.479 евра, а шпанскиот премиер Марио Рахој зема 78.000 евра годишна плата.

Меѓу најсиромашните лидери во Европа е хрватскиот премиер Зоран Миалновиќ со годишна плата од 62.540 евра, додека на последните три позиции се полската премиерка Ева Копач со 48.253 евра, словачкиот премиер Роберт Фицо со 45.127 евра и премиерката на Летонија Лаимдота Страујума со годишна бруто плата од само 25.285 евра.