Вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија Навалнаja, изјави дека „нема смисла да се преговара со Путин“, објавија светските медиуми. Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција, Навалнаja порача: Обидите за преговори со (рускиот претседател Владимир) Путин се бесмислени. Тој ќе ве излаже и ќе ве предаде, нагласи таа.
Таа исто така рече дека „војната што Путин ја започна во Украина ќе заврши во моментот кога тој ќе си замине“. Изјавата на Навалнаја доаѓа точно една година откако нејзиниот сопруг Алексеј Навални почина во руски затвор, под мистериозни околности.