Во текот на изминатиот викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти
обемна дива депонија лоцирана на улицата Цетинска во скопската општина
Бутел.
Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни
метри кабаст, мешан комунален и градежен отпад одложени на јавна и
тревна површина. Во рамките на активностите беа употребени и
специјалните возила – багер, патарки и рол-кипер.
Улицата Цетинска во општината Бутел претставува „црна точка“ каде што ЈП
Комунална хигиена-Скопје континуирано се соочува со непрописно одлагање
отпад, со што значително се загадува животната околина во оваа скопска
општина.