Не, овие фотографии со базени, неколку коли и ливади кои мора 10 души да ги косат и одржуваат, плус уште 10 да ги тинтарат дрвјата и палмите, не се од некоја холивудска серија на Нетфликс, напротив од домот на госпоџа актуелна #претседателката на #Форум_на_жени_на_СДСМ, а екс пратеничка #Даниела #Колева од Кавадарци.
Претпоставувам, по завршување на мандатот ,,Барби грл” си зема фино лепо и ❗️апанажа.
♀️ Токму оваа, која си ги бања коленцата во ,,олимпискиов базен” од 20-30.000 евра (кој се кладам троши пола вода сезонски колку цело Кавадарци годишно) периодов ни излезе најпотресената сдсмовка за ,,сиромаштии”.
ℹ️ Ете, она со три, ако не и четири коли во гаражи, два стана од кој еден од 170 м2, куќа, луксузи, базени, да им била на Бихаќка – најстручна на темава.
Цепажи!
■ Па, така, сега никако да ја симнеме од тв и да ја сопреме во нејзиниот транс док ломоти едно те исто – ️,,500 илјади граѓани живеат со 150 денари дневно️”.
Чудесии.
Искача со пешкирчето од базенов, си лакира нокти со ,,ревлон”, јаде лосос и ракчиња од апанажата и она да ти знаела што сума е – 150 денари.
Да не праам муабет како така наеднаш и се појави на госпожава бројкава со ,,150 денари на ден”.
А, не и док беше пратеничка и власт, а тоа беше пред само девет месеци.
Но, не!
Тогаш од палмиве покрај базенов не и` се гледаа ни сиромаштии, ни ,,500.000 граѓани”.
Иначе, Колева околу куќава, док беше пратеничка, пријавила во ДКСК – 200 м2.
По, се изгледа или ,,заборавила” една ,,нула” или пак ,,заборавила” да го пријави дворов кој по моја проценка е околу 2.000 м2.
Фејсбук статус на Јордаанка Ивановска-Јоци