Добро, мајку му, зошто досега ниеден медиум не го прозва за изјава и одговорност еден #Оливер #Спасовски околу фактот дека лицето #Васил #Јованов, кој ја прегази и усмрти #Фросина #Кулакова, воопшто не бил гонет од МВР, по службена должност, за удар на пешак кога имал 16 години?
Тоа значи пред четири години, во 2021, бидејќи сега има 20 години и ГО ПОВТОРИЛ ДЕЛОТО, ОВОЈПАТ СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ.
ℹ️ Кој тоа од МВР, токму кога Спасовски е министер, ја злоупотребил положбата и му го ,,исчистил” досието на 16 годишниот Јованов кога повредил пешак на Рузвелтова – и тогаш возејќи без дозвола.
Од МВР единствено постоела прекршочна пријава за ,,недозволено управување со возило” што е далеку полесен прекршок од удирање на човек. Наместо да го гонат по службена должност, ја оставиле повредената сама да го тужи Јованов, по што таа се откажува.
КОЈ ТОА Е ПОТПИШАН ОД МВР кога се случил ОВОЈ НАСТАН кога возел без дозвола и удрил во пешак?
Само за возилото останала трага во Обвинителство.
ФАКТОТ ДЕКА УДИРА ПЕШАК ВО 2021 НИКАДЕ НЕ ПОСТОИ во МВР, институција која имено треба да се грижи за безбедноста во сообраќајот и да ги заштити учесниците од вакви деликвенти кои очигледно цело време институционално биле сокривани од тешки и лесни казни и така некако водени како ,,примерни граѓани” со досие ,,неосудувани”!
ℹ️ Ова го соопштија од Кривичен суд, дека Јованов воопшто немал никакво досие кое би стасало до суд кога се изрекувала пресудата околу поседувањето и пуштање во промет на наркотичните средства.
За што ние тука правиме муабет – овој случај со Јованов не е од вчера и очигледно оди до највисоките челници во МВР во 2021 кои го заштитиле, а со тоа предизвикале ,,домино ефект” и повторување на второ, исто дело со смртни последици во 2025.
Невиден грев!
Фејсбук статус на Јорданка Ивановска – Јоци.