Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА ,,БОРКА ТАЛЕСКИ” – ПРИЛЕП СО ПРОМОЦИЈА И ПОСВЕТЕНА КНИГА НА АВТОРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ГРАМАТИКА, КРУМЕ КЕПЕСКИ ОДБЕЛЕЖА 116 ГОДИНИШНИНА ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ

Фото : Народен Глас

Денес во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп од страна на автор. д-р.Јованка Кепеска, промотор Симона Грчевска Маџоска и предавачот Слободан Беличански се одржа честување по повод 116 години од раѓањето на Круме Кепески, авторот на македонската граматика.

На промоцијата беше претставена книгата ,,Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески” посветени на одбележување на 116 годишнината од раѓањето на  истакнатиот културен деец, Круме Кепески, автор на првото издание „Македонска граматика“ публикувано во 1946 година.

автор. д-р.Јованка Кепеска, ќерка на Круме Кепески

Предавачите и промоторите на делото на Круме Кепески се осврнаа од самото негово раѓање па се до неговото патешествие како деец на македонската современа граматика, каде посебно беше ставен акцентот на користењето на граматиката во современиот македонски јазик како и народното наречје.

Исто така на 116 годишното одбележување по повод неговото раѓање промовирани беа голем број на негови умотворби, стандардизацијата на македонската современа литература во неговото дело и издание од 1946 година. Опишани беа неговите патешествија како отслужениот воен рок во школата за резервни офицери во Сараево, во 1935-1936 година, неговото време како професор во прилепската Гимназија како и неговото време на собирање збирки кои требало да послужат за мировната конференција во Париз.

Круме Кепески во 1946 во Скопје е назначен за редактор на првото македонско книгоиздателство,„Просветно дело“, од кое излегоа првите македонски книги: буквар, граматика, читанки, преводни книги и др. Во зимата на 1947 година бил испратен од Министерството за просвета во Пиринска Македонија, во Горна Џумаја, каде што работел како професор во Учителскиот институт – рамен на Виша педагошка школа и се занимава со организирање курсеви по македонски јазик за тамошните учители и професори.

Во текот на 1948 година, се вратил во Скопје и бил на работа во Учителската школа „Никола Карев“ во Скопје, а во исто време хонорарно предавал и на курсот за наставници во прогимназијата. Во 1949 година, бил назначен за професор на Вишата педагошка школа во Скопје, на која должност со мали прекинувања се наоѓа до крајот на работниот век како професор по македонски јазик, методика на македонскиот јазик и старословенски јазик.

Круме Кепески е автор на првата Македонска граматика каде низа генерации ги сознаваа и дознаваа првите сознанија за јазикот преку граматиките и поуките за јазикот што зад себе ги составил.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ