Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

ЈОТОВА : ПОЧНАВМЕ ПРОЦЕС ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, ПРОБЛЕМИТЕ ЌЕ СЕ РЕШАТ

Ние започнавме процес за приклучување на Република Северна Македонија во ЕУ, таму каде според мене е местото на вашата земја, изјави вечерва во Битола, Илијана Јотова, потпретседателка на Република Бугарија. На куса средба со новинарите, Јотова нагласи дека повод за нејзиниот престој во преспанско-пелагонискиот регион е утрешниот верски празник Задушница.

На новинарско прашање во врска со неодамна донесиот Закон за здруженија на граѓани и фондации во Северна Македонија, таа рече нашето Собрание е Собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони и секако одговорност за нивното донесување.

-Вашето народно Собрание е Собрание на една суверена држава која има право да донесува секакви закони и секако одговорност за нивното донесување. Нас тоа што не интересира е да видиме како ќе дејствува тој закон во наредниот период. Ние започнавме процес за приклучување на Република Северна Македонија во ЕУ, таму каде според мене е местото на вашата земја.

Мислам дека многу од нашите проблеми кои се уште ги имаме, ќе имаат решение само тогаш кога еден ден ние сите заедно ќе бидеме дел од големото европско семејство. Тешко беше да се дојде до првата меѓувладина конференција, но од тука па понатаму, договорот меѓу двете држави од 2017 година и договорот за добрососедство, не се само договори меѓу двете држави туку договори од европското законодавство и освен Бугарија и европските институции членки на унијата ќе внимаваат на нивното исполнување, а со тоа и на нашите заеднички цели, истакна Јотова.

По денешниот престој во Преспа, како што најави, Јотова утре ќе ги посети бугарските воени гробишта во битолското село Цапари.

-Мојата посета е поврзана за утрешниот ден, големиот верски празник Задушница. Од 1924 година во Бугарија тоа е ден на кој се оддава почит за сите загинати бугарски војници во разни војни и со цел да нема војни во иднина. Утре јас ќе ги посетам бугарските воени гробишта во селото Цапари, потврди потпретседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МИЦКОСКИ: СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, ЗДРАВСТВОТО И ТРАНСПОРТОТ ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани, Ваша екселенцијо, Почитувани колеги од Владата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ