ЈОРМ нема никакви информации за случајот на Сеад Кочан, а поднесува барања во Врховниот суд

0
1414

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до Врховниот суд поднесе барање со кое побара да не се земе предвид барањето на Републичкото јавно обвинителство (ЈОРМ) за вонреден правен лек Барање на заштита на законитоста со цел соборување на одлуките на Основниот и Апелациониот суд за 30-дневниот притвор на Сеад Кочан, зашто овој случај го води СЈО и надлежно е само СЈО, а не ЈОРМ.

Арно ама, Јово Вангеловски, претседателот на Врховниот суд, во писмо до судиите само еден ден пред седницата на која ќе се одлучува за ова барање, смета дека доколку законодавецот планирал да им го овозможи тој правен лек на обвинителите од СЈО, ќе го предвидел во Законот за СЈО. Според него, „Републичкото јавно обвинителство (РЈО) е државен орган и според ЗКП, единствено тој е надлежен да поднесува вакви барања до Врховниот суд“.

Аха, ама чекај малку. ЈОРМ нема поим за што станува збор во овој случај. ЈОРМ ги нема документите и доказите за овој случај и не може да прави ништо зашто не знае ништо. За овој случај ЈОРМ знае колку што знам и јас. И заради тоа ЈОРМ може да поднесува вакви барања колку што можам и јас, зашто и тие и јас имаме исто познавање и информации за овој случај – не знаеме ништо. Особено што ни ЈОРМ, ниту јас не ги поседуваме прислушуваните разговори и не знаеме што има во нив и дали барање за притвор за ова лице е потребно или не, дали зкаоните се прекршени во пониските судски инстанци или не.

Потоа, не разбирам како може воопшто да се земе сериозно ваквото барање на ЈОРМ кога лицето за кое е одреден и потврден притворот е веќе цел месец во бегство и се бара со меѓународна потерница, односно се потврди одлуката на Основниот и потврдата на Апелациониот суд дека за ова лице има опасност да избега и да не се појави на суд, што и се случи. Така што, за што разговараме овде?!