✅ Денес реализиравме уште еден важен проект за подобрување на патната инфраструктура! Во населеното место Селце, целосно е асфалтирана нова улица со должина од 300 метри.
Со тоа овозможуваме побезбеден пристап за сите жители на Селце и ја продолжуваме нашата мисија за еднакви услови за живот во секој дел од општината.
☝️Нашата цел е јасна – нема исклучоци, секое маало, секое населено место заслужува подобра инфраструктура!
Остануваме посветени да обезбедиме подобри услови и услуги за секој еден од вас!
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.